1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Живеам живот, каков што ми одговара

Криста Волф е една од ретките писателки кои денес во Германија се нарекуваат „живи класици“. Таа потекнува од Источна Германија и нејзините дела се преведени на повеќе од 20 јазици. Волф деновиве наполни 80 години.

default

Волф во 1973 година беше симбол на феминистичкото движење како во Источна така и во Западна Германија

Со 34 години таа беше славена како нов литературен глас на Германската Демократска Република. Но, интересот на Волф за индивидуалното, нејзиното залагање за правото да се биде аутсајдер не се вклопувше во социјалистичката културна шема, исто како и нејзините феминистички хероини, Гиндереде, Бетине Бретано, Касандра. Криста Волф стана фигура за идентификација и литературно ехо на женското движење на истокот и на западот.

Верна на утопијата за демократски социјализам

Christa Wolf, deutsche Schriftstellerin

Криста Волф - литературно ехо на женското движење

Германската Демократска Република се’ повеќе критички гледаше на Волф, но таа остана лојална дисидентка. И државата и допушташе непречено да патува ширум светот, беше професор-гостин во Охајо, Единбург, Цирих, одеше на одмор на Азурниот брег и на Црното море, учествуваше на конгреси и манифестации за доделување награди, како кај братските држави, така и кај класните непријатели. Но, таа постојано се враќаше во ГДР. Никаде на друго место не можам да пишувам и живеам, велеше Волф.

На осми ноември 1989 години, еден ден пред падот на Берлинскиот ѕид, Криста Волф, во информативните емисии во ГДР агитираше за утопијата на демократскиот социјализам: „Драги сограѓани, сите сме длабоко вознемирени. Гледаме илјадници луѓе кои секојдневно ја напуштаат нашата земја. Знаеме дека дека промашената политика се’ до последниве денови ја зајакна вашата недоверба во обновувањето на ова општество. Ние сме свесни за немоќта на зборовите наспроти масовните движења, но немаме други средства освен нашите зборови. Ве молиме. Останете сепак во вашата татковина. Останете кај нас“

Новата Германија и` остана туѓа

Der Literatur-Nobelpreisträger Günter Grass und die Schriftstellerin Christa Wolf

Гинтер Грас и Криста Волф- многумина веруваат дека и таа како и Грас ја заслужува Нобеловата награда за литература

И по падот на Берлинскиот ѕид, таа се придржуваше кон идеалот за демократски социјализам. Заедно со колегите, како Фолкер Браин и Штефан Хејм, изработи предлог за нов Устав, но повторното обединување на Германија ги престигна сите утопии. Единствената сегерманска класичарка сега беше прогласена за „државна поетеса“. Кога се покажа дека Волф на почетокот на шеесетите години била заведена како информатор на злогласната тајна служба Штази, во обединета Германија не и` се признаваше нејзината политичката способнст, иако нејзините акти како жртва на Штази беа подолги од нејзините акти како сторител. „Ја сакав оваа земја“ велеше Криста Волф за ГДР. Новата обединета Германија и` остана туѓа. „Ако се прашува само за тоа кој е во право, се’ води кон денешната состојба ослободена од утопии, во која поединечни интересни групи се држат заедно преку нивната жилава користољубива борба за фенинзи и марки и зборовите како општо добро и солидарност звучат само како празни зборови“, говореше Волф.

Во новиот милениум, новата Германија повторно ја пронајде Криста Волф, а таа повторно во книгите како „Медеа“ и автобиографскиот текст го пронајде нејзиниот неспоредлив литературен тон, постојано течниот монолог, во кој фактите и фикцијата, соништата и вистината, се претопуваат во нова реалност. Таа продолжува да пишува. Веќе оваа година ќе биде издаден нејзиниот нов роман „Град на ангелите“, и таа како и претходно е потенцијален кандидат за Нобеловата награда за литература. Можеби ќе и` успее тоа во осумдесеттата година од животот. Времето е созреано за тоа.

Автор: Барбара Гарде/ Симе Недевски

Редактор: Трајче Тосев