1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

70 години Втора светска војна

Жељу Желев, поранешен бугарски претседател

„Дојче веле го слушав уште во 1980-тите. Во времето на комунистичкиот режим западните медиуми како ДВ беа единствен извор на објективни информации.“

„Емисиите на ДВ јас ги слушав уште во 80-тите години на минатиот век, уште пред настанувањето на антикомунистичката опозиција во Бугарија. Западните станици беа единствениот извор на објективни информации - не само за светската политика; тие лиферуваа и вести за фактичката состојба во нашата земја, која во медиумски поглед беше затворена зад ’кинески ѕид‘. Пробивната сила на радиото успеа да ја разбие информативната бариера наметната од властодршците. Комунистичкиот режим знаеше дека слободниот пристап кон информациите крие смртоносна опасност за властодршците, па поради тоа беа попречувани западните радио-станици. Во последните години пред пресвртот ДВ играше се’ поважна улога. Кога опозиционите здруженија во мај 1989 година упатија петиција до бугарскиот парламент, текстот на петицијата беше прочитан во програмата на ДВ. По тој пат петицијата стигна и до другите западни медиуми и целиот свет можеше да дознае за репресалиите против опозиционерските интелектуалци и против турското малцинство во Бугарија. Тоа беше повод за апсење на 16 опозиционери. Тогаш ДВ се јави кај мојата сопруга за да добие потврда за таа информација. Таа почна да ги набројува имињата, но разговорот беше веднаш прекинат од страна на прислушкувачите во тајната полиција. Но, ДВ не се откажа, жена ми постојано наново беше повикувана по телефон, се’ додека таа не ги наведе сите, до последното име.“

Жељу Желев, филозоф и некогашен дисидент, претседател на Бугарија од 1990 - 1997 година