1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Жешка фаза на Африканскиот куп

Познати се првите полуфиналисти на Куп на Африка. Фудбалерите од Брегот на Слоновата Коска играат против Замбија. До вечер ќе биде позната и втората полуфинална двојка.

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска ја победија Екваторијална Гвинеа со 3:0 во четвртфиналето на Купот на африкански нации (КАН) и го станаа втор учесник во полуфиналето по Замбија.

Двократен стрелец за Брегот на Слоновата Коска беше ѕвездата на тимот Дидие Дрогба кој беше успешен во 36-та и 69-та минута од натпреварот а конечниот резултат на натпреварот од слободен удар го постигна играчот на Манчестер сити, Јаја Туре.

Elfenbeinküste freut sich auf die WM Drogba

Дидие Дрогба , стрелец на два гола

Кодомаќинот на турнирот Екваторијална Гвинеа не можеше да им се спротистави на фаворизираните „слонови“ но со пласманот во четвртфиналето направи историски резултат, со оглед дека пред КАН беше најлошо рангирана репрезентација.

Во првиот четвртфинален меч, пак силната Замбија го совлада Судан истотака со 3:0.

Денеска (05.02.2012) се играат преостанатите два четвртфинални натправара. Гана, која истотака се вбројува меѓу фаворитите за титулата ќе игра против Тунис а вториот кодомаќин на првенството, Габон, за пласман во полуфиналето ќе се бори против екипата на Мали.

Автор:СН/ЕМФ/ртр/бета

Редактор: Ж. Ацеска