1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Жешка потера“ по курдските бунтовници

По нападот во кој загинаа 24 турски војници, армијата на Турција сспроведува прекугранична операција против ПКК во северен Ирак. Во неа досега биле убиени најмалку 15 курдски бунтовници.

default

Турски војници во близина на границата со Ирак

Курдски бунтовници утрината убиле најмалку 24 турски војници и полицајци на југоистокот на Турција. Бунтовниците на забранетата Курдска работничка партија синхронизирано нападнале неколку воени објекти, во кои биле сместени војниците на границата со Ирак. Ова е најсмртоносен напад на курдските бунтовници во последните неколку години.

Во одговор на нападите, турската армија експресно превзема офанзива против курдските бунтовници на територијата на северен Ирак. Притоа, според локалните медиуми, убиени се најмалку 15 борци на ПКК.

Ердоган свика кризен состанок

Türkei Kurden Kämpfer im Grenzgebiet

Курски бунтовници во планинскиот пограничен регион меѓу Турција и Ирак

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека војската спроведува „жешка потера“ во регионот во близина на границата со Ирак.

„ Широкоопсежните операции продолжуваат во регионот и тие се во согласност со меѓународното право“, изјави Ердоган, на пресконференцијата по кризната средба со министрите за одбрана и за внатрешни работи како и со шефот на тајната служба и врвни генерали во армијата.

Турски армиски извори соопштија дека турски воени авиони денеска извршиле напади врз цели на ПКК во северен Ирак, како одговор на нападите од минатата ноќ.

Според истите извори, покрај ова, дополнително и турски командоси со хеликоптери биле пренесени во длабочина од седум до осум километри на ирачка територија.

45 илјади жртви во судирот со ПКК

Турските медиуми јавуваат дека на ирачка територија се наоѓаат околу 500 припадници на армијата на Турција.

ПКК, која голем број на држави ја сметаат за терористичка организација, прогласи едностран прекин на огнот во август 2010 година, но минатиот месец се закани дека ќе се откаже од прекинот на огнот поради неуспешните преговори на турските власти со Курдите.

Според податоците на турските воени извори, во судирите на турските власти со Курдите односно од почетокот на бунтот на Работничката партија на Курдистан во 1984-та, загинале повеќе од 45 илјади луѓе.

Автор: ЕМФ/СН/дв/миа/мф

Редактор: Симе Недевски

DW.COM