1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Жешка политичка есен во Македонија

Почнува месецот на антивладини протести и практични изборни промоции. Главен мотив се застојот во НАТО-интеграцијата и очекуваниот извештај на ЕК, во кој Македонија повторно нема да добие датум за преговори.

default

Фракционерите од владејачката ДМПНЕ кои остануваат на изворните идеи од ВМРО, предводени од Љубе Бошковски и екс-премиерот Љубчо Георгиевски од викендов (06.-07.11.) тргнуваат во партиска офанзива.

Обединети за Македонија организира антивладни протест во Скопје, додека ВМРО Народна излезе со контроверзна идеја за нова територијална поделба на Тетово, по етнички критериуми. Се предлага една општина за Македонците и две-три за мнозинското албанско население.

Mazedonien Tetovo Einkaufszentrum

Поделба на Тетово по етнички критериуми?

Тетово, што албанската етничка заедница го доживува како свој регионален центар, сега е една општина, со која раководи екс-ректорот на универзитетот Сади Беџети.

„Со формирањето на своја општина, Македонците подобро би ги артикулирале своите локални и национални интереси, а градот би имал градоначалник, по примерот на Скопје, кој би бил задолжен за целината на интересите на оваа нова мини-заедница од неколку општини", вели Марјан Додовски.

Лидерот на Вмро Народна демантира дека идејата за етнички граници во општините во Западна Македонија, пред се` Тетово и Струга, е ново руво на стартата иницијатива на неформалниот лидер Љубчо Геогиевски за етничко разграничување на Албанците и Македонците со територјална демаркација. Овој предлог Георгиевски, како премиер ја пласираше во јавноста пред една деценија, за време на воениот конфликт во земјата.

„Груевски и Георгиевски не се во тајна коалиција“

Додовски, во интервју за Дојче веле, порекнува дека Герогиевски и Груевски се во неформална и прикриена коалиција, а дека Вмро Народна, на следните избори треба да преземе дел од незадоволните членови на ДПМНЕ, со што повторно би се владеело, со две партии од македонскиот десен партиски блок.

„Не, не е точна таа теза, ВМРО ДПМНЕ не може да го препознаете во својата идеолошка и партиска матрица, туку за една партија на незадоволни. Не станува збор за никаков сојуз Груевски-Георгиевски, Народна си има свој легитиметет и со својот почесен претседател ќе влезе во изборна битка со сопствена програма и концепт на секојдневно комуницирање со граѓаните" вели Додевски.

Протест против „диктатурата и едноумието“

Ljube Boskovski

Удар за власта и од партијата на Љубе Бошковски

Власта ќе добие политички удар од незадоволниците собрани околу екс-министерот Љубе Бошковски, кој беше осомничен за воени злодела од хашкото обвинителство, но потоа ослободен. „Ова е бунт против оние кои ја уништија сегашноста и не размислија како да ја обезбедат иднината на генерацијата, отпор кон власта и фамилијата на Груевски кои наместо демократија применуваат диктатура и едноумие", вели за Дојче веле Наталија Ивчева-Анева, генерален секретар на Обединети за Македонија.

Таа беше шеф на кабинетот на Доста Димовска, која како најблизок соработник на екс-лидерот Георгиевски беше министер за внатрешни работи во владата на ВМРО ДПМНЕ.

Ивчева не посветува многу внимание на расколот во врвот нa новоформираната партија, откако Обединети за Македонија ја напуштија обата потпредседатели.

„Со лидерот Бошковски ние имаме силна подршка" вели таа, со проценка дека на скопскиот плоштад ќе се соберат најмалку 20-30 илјади симпатизери и незадоволници од владеењето на ДПМНЕ.

Според Ивчева-Анева, сосема се коинцидентни бунтот на Обединети за Македонија и востанието на опозицискиот СДСМ, што својата анти-владина кампања ја започна од Прилеп, но и покрај најавите засега не ја продолжува во другите градови.

Се активира и опозицијата од албанскиот блок

Wahlen in Mazedonien Kandidaten

Нова Демократија бара одложување на пописот

Во ноември се очекува да се пробуди и невладиниот сектор кај Албанците. Организацијата „Разбуди се" ќе организира протести поради неактивната владина политика, со која Македонија не успева да стане членка на НАТО и да добие датум за преговори со Унијата.

„Евроинтеграциите и НАТО се врвни приоритети за Македонија и кон нив не може да се има индолентен став, дотолку повеќе што тоа ги обединува Албанците - од партиските симпатизери до интелектуалците", рече Флора Златку од невладината „Разбуди се", која деновиве се ребрендира со идеја да добие регионални експозитури во Косово и Албанија.

И Нова Демократија на лидерот Имер Селмани се подготвува за протести, доколку не бидат прифатени нивните идеи за одложување на пописот од март за налете. „Тогаш се очекува враќање на ислениците-Албанци, со што ќе се дознае бројот на албанските емигранти во странство, но и реалниот број на оваа етничка заедница во Македонија" велат во Нова Демократија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев