1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Жешка“ годишнина - во Тибет засилени контроли

Кинеските власти ги засилија мерките за безбедност во Тибет и во регионите што граничат со него. Повод е денешната педесетта годишнина од неуспешното востание на Тибетанците против кинеската власт.

default

Членови на движењето на отпорот против комунистичкиот режим на Кина (април 1959)

Манастир во центарот на градот Кангдинг. Неброени свеќи што треперат осветлуваат една просторија со илјадници мали статуи на Буда. Калуѓери се молат и медитираат. На црвени столбови висат шарени молитвени знамиња. Само слики од Далај Лама не можат никаде да се видат. Во Кина е строго забрането истакнување фотографии на тибетанскиот водач.

Две третини од населението на Кнагдинг се Тибетанци. Градот лежи на западот на Сечуан, но тука започнува она што Тибетанците во егзил го означуват како Велики Тибет. До Ласа, главниот град на Тибет, има 1500 километри преку стрмни планински превои се’ до тибетанската висорамнина.

На неколку километри западно од Кандинг камиони со мака се движат кон Тибет. Ова е единствениот пат во таа насока. Воена полиција со денови внимателно контролира кој се движи по тој пат.

Странски новинари се непожелни

„Не можете да одите понатаму“, вели полицаецот. На прашање зошто, одговара дека така му рекол претпоставениот, без образложение зошто. Но, причината е очигледна. Во Литанг, оддалечен околу 250 километри, пред неколку недели демонстрирале Тибетанците. Насекаде во Тибет и во тибетанските подрачја на провинциите Сечуан, Ганзу и Ќингаи состојбата е затегната. И во Кангдинг насекаде патролира полиција. Армиските бази на маргините на градот беа значително засилени во пресрет на „жешките“ годишнини.

China Tibet Demonstration in Lhasa Mönche

Од минатогодишните демонстрации во Ласа

Во манастирот Намо, најголем во Кангдинг, гонгот ги повикува калуѓерите на јадење. Младите калуѓери со љубопитност ги одмеруваат странските посетители. Никој не се решава да зборува отворено. Безредија минатата година во Ласа? Поединечни демонстрации последните недели? На овие прашања се добиваат речиси исти одговори. „Сум слушнал за тоа, но не знам ништо поточно. Само слушнавме за тоа“.

Младиот калуѓер се смее загадочно и нервозно чепка по мобилниот телефон, најважното средство за комуникација во ретко населените тибетански подрачја.

Далај Лама во срцата

Во едно село во околината на Кангдинг, далеку од љубопитните погледи на униформираните и на цивилно облечените лица од органите за безбедност, еден млад калуѓер не’ повикува во куќата на неговите родители.

„За мене е Далај Лама највредното, што го носиме во нашите срца, за мене тој е крал. Единствено што е важно, е тој да може да се врати“, вели младиот калуѓер.

Вакви зборови се опасни во Кина, каде Далај Лама е жигосан како сепаратист, како некој кој предизвикува расцеп во татковината. Калуѓерот раскажува дека имал проблеми затоа што околу вратот носел брошка со слика на Далај Лама.

Dalai Lama in Hamburg

Тибетанскиот духовен водач, Далај Лама

„Порано Тибет беше независен, сега сме дел од Кина. Јас не сакам независност, целиот мој живот бев Кинез. Но, слушнав дека во Хонгконг има многу повеќе слобода и тоа го посакувам и за Тибет. Тоа би било доволно“.

Во Кангдинг претставник на локалниот оддел за пропаганда ги отфрла барањата на калуѓерите. „Тие барања, како на пример да смеат да се истакнуваат слики на Далај Лама, се само површински. Од неговото бегство во Индија, Далај Лама се стреми кон независност на Тибет. Ниедна суверена земја на светот не би трпела такви активности. Овде во тибетанските подрачја има целосна религиозна слобода. Луѓето и’ се благодарни на партијата за напредокот од последните децении“.

Најголемиот дел од Тибетанците не оспоруваат дека се подобрени животните услови на луѓето. Но, конфликтот околу Тибет и натаму останува нерешен.