1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Жетвата во Германија 2004

И покрај влажното и студено време на почетокот на летото, германската министерка за земјоделство Ренате Кинаст претстојната жетва ја оцени како врвна и со добар квалитет.

Двојна „жетва„

Двојна „жетва„

Според моменталните резултати од покраините, жетвата на житариците во оваа година ќе достигне 50,1 милиони тони и ќе ја надмине досега најдобрата од 2001 кога беа ожнеани 49,7 милиони тони. Во споредба со ланската врз која влијаеше сушата, годинашнава ќе биде побогата за една четвртина.

Министерката за земјоделство Ренате Кинаст соопшти позитивни вести: жетвата во 2004 е подбра од изминатите години. Во 2002 приносите страдаа од поплави, во минатата година жештината и суштата се погрижија за лоши резултати. Овојпат успешен развој:

“Како кај житариците, така и кај маслодавната репка се постигнати рекордни резултати. Годинашнава жетва сепак беше проба на трпението, бидејќи условите постојано се менуваа. На почетокот имавме добри услови, но потоа раното лето беше влажно и студено, а потоа сосема навреме сув и топол период што овозможи жетвата бргу да се одвива“.

Така, жетвата на житото главно е завршена. Вкупно се собрани 50,1 милион тони, плус од преку 12 насто во однос на резултатите од 2002-та. Од порастот профитираа главно истокот и југот на државата.

Количествата шекерна репка веројатно ќе бидат помали од лани, додека лозарите очекуваат нормална со добар квалитет. Количествата јаболка ќе бидат помали од лани. Министерката Кинаст отвори и ново поглавје: зголемување на суровините, а причина:

“На германските земјоделци им е јасно дека се подобрени шансите надвор од подрачјата на исхраната. Таму обезбедивме даночни олеснувања и нови работни капацитети и со оглед на зголемувањето на цените на нафата, фактите зборуваат за можноста од употреба на житата и репките како биоенергетски материјал“.

За тоа зборува и зголемувањето на површините под репки за 3 насто, а жетвата во споредба со минатата година е поголема дури за 45 насто. Кинаст е убедена дека во зголемувањето на суровините лежи голем потенцијал зашто од нив може да се жнее енергија, а со тоа и голем број нови работни места.

Од 1 јануари идната година во Германија ќе се променат работните услови за селаните според правилата на Европската унија што значи дека во сила ќе влезе и излегувањето од системот премии и производство. Ќе важи принципот квалитет место квантитет. Но, со оглед на растечките цени на нафтата можат да се стекнат нови извори на приходи со создавање биоенергија, а селаните да бидат "идни шеици".