1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестоки протести против странците во Москва

Приближно 400 луѓе синоќа се приведени во јужното московско предградие Бирјулево за време на масовните бередија, кои избувнаа по убиството на 25-годишен московјанин од страна на непознати лица.

Во безредијата настрадале и шестмина полицајци. Полицијата успеала да се справи со толпата и ситуацијата постепено се стабилизира.

Гневните демонстранти за убиството ги обвинуваат доселениците од кавкаските земји. Тие упаднале во еден трговски центар во Москва и уништиле еден склад за зеленчук. Откако полицијата интервенирала, толпата ги нападнала и полицајците.

Едно лице од Кавказ е осомничено дека убило 25-годишен Русин. Полицијата соопшти дека момчето било убиено по кавга околу девојка. Полицијата објави и фотографија од осомничениот, кој бил снимен со безбедносна камера, но неговиот идентитет се‘ уште не е познат.

Полицијата вчера го затвори и плоштадот околу Кремљ, за да спречи да се повторат безредијата од 2010. година, кога илјадници националисти и фудбалски навивачи протестираа поради убиството на еден Русин за време на тепачка со доселеници од северен Кавказ.