1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестоки протести во Франција против хомосексуалните бракови

Судири избувнаа доцна синоќа во центарот на Париз и во други француски градови за време на протестите на противниците на еднополовите бракови. Паралелно со протестите се одржаа и прослави на одлуката на парламентот.

Илјадници луѓе протестираа синоќа против одлуката на францускиот парламент да ги озакони хомосексуалните бракови во земјата. Во главниот град Париз и во други градови дојде и до жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кои има и повредени, а предизвикана е и материјална штета.

Паралелно со протестите против законот, беа одржани и прослави на поддржувачите на законот. Според полициски извори, на улиците на Париз синоќа имало 2.500 поддржувачи на законот, и околу 3.500 противници. Во судирите со полицијата приведени биле 12 лица.

Во Лион биле приведени 15 противници на законот, а еден припадник на полицијата бил повреден.

Францускиот парламент вчера го усвои законот со кој на истополовите парови им се дозволува да склопуваат брак. Опозицијата се обрати до Уставниот совет, истакнувајќи дека бракот е уставно прашање.

Франција е 14. земја во светот која дозволува венчање на лица од ист пол. На одлуката на парламентот и претходеше жешка дебата, а во Париз последниве денови, противниците на законот секојдневно одржуваа протести.