1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестоки протести во Грција против програмата за штедење

Грчките пратеници денеска треба да усвојат редица закони за да може да се спроведе пакетот за штедење, изгласан вчера. На улиците на Атина меѓутоа незадоволството од одлуката е огромно.

default

Протести во Атина

Грчкиот парламент денеска по итна постапка треба да го усвои Предлог-законот за примена на вчера усвоените мерки за штедење за периодот од 2011 до 2015 година. Тоа е услов за одобрување на доделување на меѓународната финансиска помош за земјата. Мерките во областа на даноците треба да донесат околу 14,08 милијарди евра, а додека од приватизацијата Атина очекува околу 50 милијарди евра до 2015 година.

Улични борби против мерките за штедење

Против програмата за штедење во Атина има жестоки протести. Во безредијата што избија синоќа стотици полицајци во близина на зградата на парламентот водеа улични борби со вандали, при што беа повредени голем број луѓе. Протестите на населението и уличните борби меѓутоа не помогнаа многу. Парламентот во Атина го усвои новиот план за штедење, предложен од новиот грчки кабинет. Со тоа надежите на многу демонстранти дека ќе успеат да ја урнат владата не се исполнија. Меѓу разочараните е и триесетгодишната Ана. Таа смета дека ниту владејачката ПАСОК, ниту, пак, опозициската Нова демократија се способни да понудат решение на кризата. Затоа Ана со недели ја поддржува групата таканаречени „гневни граѓани.“

„Ако левицата не успева со нејзиниот социјалистички план, што го бараме со години, тогаш ништо нема да се промени. Тоа што ни треба е соработка на целата левица и влада од левицата.“

Меѓутоа, левицата е далеку од тоа. Во протестните маршеви минатите денови секој демонстрира сам за себе, иако целта на сите е иста. Ана не знае што да каже, бидејќи насилството што изби, е токму тоа, што никој не го сакаше.

Flash-Galerie Griechenland Athen Protest

Протести во Атина

Потребни се трпение и инвестиции

Грчкото општество е поделено. Иако мерките за штедење можеби не се фер, уште полошо би било доколку земјата би банкротирала. Потребни ни се парите на Тројката, вели еден пензионер: „Пензијата веќе ми е скратена, а сега ќе ми се намали уште повеќе. За жал, така е, но мораме да бидеме трпеливи, ако сакаме да

Griechenland Athen Parlament Protest Abstimmung Sparpaket Polizei Krise Finanzkrise

Протести пред грчкиот парламент

успееме. Тоа што не ми се допаѓа се кратењата кај малите пензии. Оние кои земаат помалку од 700 евра не треба да се кратат, бидејќи инаку нема да можат да врзат крај со крај.“

Мерките ги поддржува и една наставничка: „Грција мора да остане во Европа и мора да го задржи еврото. Во спротивно ќе се претвориме во земја од третиот свет. Мора да се промениме. Колку за пример, кој од нас не учествуваше во корупцијата?“ Државната службеничка сепак вели дека малку повеќе солидарност од Европејците не би билo лошо, и притоа укажува на германската влада.

Но, само штедењето нема многу да помогне. Тоа што и` е потребно на земјата е конечно да се изработи план за инвестиции, еден вид Маршалов план, вели Мартин Кнап, раководител на Германско-грчката индустриска и трговска комора. „Околу името на пакетот може да се дискутира, но во принцип, тоа е вистинската работа, бидејќи ако не се стори ништо за реалното стопанство, ќе пропаднат фирмите, кои во иднина би можеле да претставуваат финансиска основа за грчката држава.“

Експертите се согласни дека мора брзо да се делува, бидејќи во спротивно опасноста Грција да потоне во хаос е голема.

Автор: Ана Кокциду/ Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM