1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестоки демонстрации против Папата во Турција

Два дена пред посетата на Папата на Турција во неделата неколку десетици илјади демонстранти се собраа на улиците на Истанбул извикувајќи пароли против Бенедикт 16. Но, Ватикан и Анкара најавија потези на попуштање.

Папата Бенедикт 16-недобредојден во Турција

Папата Бенедикт 16-недобредојден во Турција

На улиците на Истанбул се собраа меѓу 30 000 и 40 000 илјади демонстранти. Со ова не се остварија очекувањата на исламската Саадет партија која ги организираше протестите дека ќе дојдат еден милион демонстранти. Насобраниот наро протестираше против посетата на Папата Бенедикт 16 на Турција.

“Се собравме овде да протестираме против навредата врз нашиот светец Мухамед. Ние муслиманите не можеме така едноставно да ги прифатиме ваквите навреди. Под вакви околности не го сакаме Папата во нашата земја. Тоа е наше демократско право. Никој не смее да ја сквернави светоста на другите. Ние не ги навредуваме светците на другите”, вели една жена.

Демонстрантите извикуваа пароли од типот, “Папата не треба да доаѓа”, “Истанбул не е Константинопол”, “Папа респектирај го нашиот светец” или “Света Софија е наша и повторно ќе стане џамија”.

Една од учесничките на демонстрациите побара:

“Папата треба прво да се извини, а потоа ќе биде добредојден.Но, се додека не се извини, никогаш нема да биде дочекан пријателски.”

Паралелно со демонстрациите против Папата во Турција се разви уште едно жариште поврзано со оваа тема. Имено премиерот Ердоган најави дека е можна средба со Бенедикт 16. До сега беше објавувано дека премиерот нема време за такво нешто. И Папата најави чекор кон смирување на страстите и деескалација на ситуацијата. Тој ќе ја посети Сината џамија, што би била прва посета на еден Папа на муслиманско светилиште.