1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Жестоки демонстрации во Росток

Најмалку 400 полицајци се повредени во синоќешните демонстрации во Росток на противниците на глобализацијата, кои прераснаа во судир со силите за безбедност. 30 од нив според последните информации се со сериозни повреди. Нема информации за бројката повредени демонстранти од чии редови се уапсени 78 насилници.

default

Се започна кога околу две ипол илјади главно млади луѓе во црни блузони со капи и црни очила за сонце се вмешаа во поворката демонстранти. Тие фрлаа со камења и шишиња по полицијата. Уништуваа автомобили, фрлаа молотови коктели и испалуваа ракети кои се наменети за огномет. Полицијата одговори со водени топови и солзавец. На двете страни има стотици повредени. Организаторите на демонстрациите се разочарани. Тие ги критикуваа судирите и сметаат дека вината не е само кај полицијата.

Еден од противниците на глобализацијата и претставник на мрежата Атак која ги организираше демонстрациите, по немилите настани изјави:

“ Ние не знаеме што се случи, но пред протестите зборувавме дека сакаме мирни протести без насилства. Ние не носиме одговорност за ова“

А всушност се започна мирно во саботата попладне. Организаторите очекуваа дека ќе се соберат 100 илјади луѓе, но се собраа само неколку десетици илјади. Тие мирно се движеа низ центарот на Росток и демонстрираа против самитот на Г8 во Хајлигендам. Против војната, промената на климата, сиромаштијата. Еве што мислат дел од демонстрантите:

“ Јас сум тука заради неправдата која владее, да демонстрирам против Г8, против оние кои водат нелигитимна политика тие договараат работите кои ги повредуваат човековите права“

“ Мислам дека народот не треба да седи мирен. Не може на највисоко ниво да се одредува што е добро за населението во светот а што не“

“ Што треба човек да направи? Ние не сме тука со цел насилно да демонстрираме. Туку со надеж дека нешто може да се придвижи“

Противниците на глобализацијата во наредната недела во Росток планираат да одржат еден алтернативен самит на кој ќе протестираат против хегемонијата на земјите од Г8. Планирани се работни средби, блокади, коцерти. Организаторите се надеваат дека нема се повторат вчерашните немили настани.