1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Жестоки борби меѓу Фатах и Хамас

На палестинските автономни подрачја владее состојба слична на граѓанска војна. Судирите меѓу Хамас и Фатах eскалираа. Палестинската влада на национално единство е пред распад.

default

Урнатини во Газа

Централниот комитет на организацијата Фатах, блиска на претседателот на Палестинците Махмуд Абас синоќа реши да ја суспендира работата во владата на министрите од своите редови и се закани со напуштање на владата доколку борбите не бидат целосно прекинати. Но, борбите не само што не престануваат, туку се проширија и врз Западниот брег.

Вчера претпладнето Хамас преку своите радио-станици повика сите припадници на милициите на Фатах до 14 часот да ги напуштат позициите, со закана дека потоа ќе бидат нападнати. Непосредно по истекот на поставениот ултиматум, борци на таа радикално-ислмамската организација навистина нападнаа позиции на Фатах на широк фронт. Тие го зазедоа и седиштето на силите за безбедност, блиски на Фатах.

Само таму, според информации од лекари, се убиени најмалку 21-но лице, а десетици се ранети.

Хамас воспостави контрола врз појасот Газа

Според изјави на сведоци, се добивал впечаток дека единиците на Фатах дејствуваат некоординирано и како да нема единствена команда, за разлика од Хамас. Веќе во текот на попладнето Хамас воспостави контрола врз северниот дел на појасот на Газа, до вечерта и врз речиси целата негова територија. Ноќеска, пак, борци на Фатах возвратија со напади и палење на објекти на Хамас на Западниот брег, каде силите блиски на претседателот Абас доминираат. Ранети биле повеќемина активисти на Хамас.

Абас го обвини Хамас

Mahmoud Abbas

Махмуд Абас му префрли на Хамас воен пуч

Бруталноста на борбите ги засени насилствата од претходните денови. Луѓе биле убивани в болница, противниците фрлани од покриви на високи објекти.

Џамал Назал, претставник на Фатах, го обвини Хамас дека ги бојкотира разговорите за прекин на огнот: „Се обидовме да разговараме со Хамас, што беше договорено со една египетска делегација. Тие не дојдоа. Ние веруваме во дијалог, а Хамас на тоа одговори со сила, куршуми и оган”.

Крвавата борба за превласт се должи на институционалната дводелност на палестинската политика: под притисок на САД и ЕУ, а со цел да се ограничи власта на тогашниот претседател Јасер Арафат, беше воведена и функција премиер, со речиси подеднакво големи овластувања. Прв премиер стана сегашниот претседател Абас. Но, по победата на парламентарните избори лани во јануари, Хамас го номинира премиерот. Така Исмаил Ханија можеше да се потпира врз овластувањата кои своевремено беа “скроени” за Абас.