1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестоки борби и интензивни посреднички напори

ЕУ се приклучи кон острите осуди за израелското гранатирањето на седиштето на мисијата на ОН во градот Газа, инцидент, штој го одбележа 20-ти ден од судирот.Притисокот за постигнување прекин на огнот расте.

default

Чад се крева од погоденото седиште на мисијата на ОН во градот Газа

Жестоките борби во градот Газа продолжуваат. Израелските копнени трупи се длабоко навлезени во густо населените делови на градот Газа. Со тоа драматично е зголемена веројатноста за погодување на погрешни цели и за недолжни жртви. Тоа се докажа преку двата инцидента во текот на денешниот ден. Имено, израелски проектил ја погодил зградата во која се наоѓаат просториите на неколку медиумски куќи. Засега е познато дека во овој инцидент се повредени две лица.

Израел призна дека направил „голема грешка“

Ban Ki Moon mit Ägypten Außenminister Ahmed Aboul Gheit

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун на аеродромот во Каиро

Израелски тенковски гранати го погодија и седиштето на агенцијата за помош на ОН во Газа, при што се повредени тројца службеници на Светската организација. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, кој се наоѓа во посредничка мисија на Блискиот Исток изрази револтираност од нападот врз агенцијата што им помага на палестинските бегалци.

Тој истакна и дека билансот од преку 1.000 загинати и 5.000 повредени Палестинци во досегашниот тек на израелската офанзива во Газа достигнал „неподносливи“ пропорции. Во меѓувреме, Израел се извини за инцидентот. Министерот за одбрана Ехуд Барак токму на средбата со Бан Ки Мун во Ерусалим истакнал дека станува збор за „голема грешка“ и го уверил Генералниот секретар на Светската организација дека такво нешто нема да се повтори.

Повеќе мисии за постигнување прекин на огнот

Инаку, Бан Ки Мун ги предводи се’ поинтензивните напори на меѓународната заедница да посредува за постигнување прекин на огнот во појасот Газа.

Steinmeier auf Nahost-Reise Treffen mit Israels Präsident Peres

Шефот на германската дипломатија Штајнмаер (десно) на средба со израелскиот претседател Шимон Перес

Во втора посредничка мисија во рок од пет дена на Блискиот Исток денеска престојува и германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер. Тој во Ерусалим веќе се сретна со претседателот на Израел, Шимон Перес и со министерката за надворешни работи Ципи Ливни. Притоа, Штајнмајер ги предупреди израелските политичари дека Израел поради тековниот конфликт во Газа би можел да ја загуби меѓународната поддршка.

„Доколку продолжи да трае ваквата ситуација, ќе ослабнат партнерите кои конструктивно го поддржуваат Израел и чија сила и ангажман ни е натаму потребен“, изјави Штајнмајер.

Меркел и Браун апелираа за итно примирје

Во текот на денот се очекува Штајнмајер да го посети и Западниот брег и Каиро.

Bundeskanzlerin Angela Merkel und der britische Premierminister Gordon Bown

Заеднички апел за прекин на огнот на британскиот премиер Браун и канцеларката Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска упати заеднички апел со британскиот премиер Гордон Браун за постигнување итно примирје на Блискиот Исток. Поради хуманитарната ситуација мора да се изврши притисок врз страните во конфликтот, порача Меркел по средбата со Браун во Берлин. Таа ја нагласи и големата важност на прекинувањето на шверцот со оружје за палестинските милитанти во појасот Газа. „Клучот е да има договор за тоа дека шверцот на оружје преку границата меѓу Египет и појасот Газа, но и по морски пат мора да биде спречен“, порача Меркел.