Жестоки борби во појасот на Газа | Вести | DW | 29.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Жестоки борби во појасот на Газа

*

Тројца Палестинци и еден израелски војник загинаа во жестоките борби што претпладнево се водат во појасот на Газа . Израелската армија соопшти дека нејзини трупи спроведуваат акција во градовите Кан Јунис и Бејт Ханун од каде во последниве денови беа испукани ракети врз израелска територија

По серијата ракетни напади, владата на Израел започна и со запирање на испораката на гориво на оваа палестинска територија . Според податоците на енергетските власти во појасот на Газа , испораките веќе се намалени за 30 насто. За во наредните денови најавено е и запирање на испораката на електрична енергија . Палестинското радикално-исламистичко движење Хамас , кое од јуни наваму го држи под контрола појасот на Газа , ги осуди санкциите нарекувајќи ги воено злосторство.