1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Жестока расправа во Собранието за Извештајот на ЕК за Македонија

Во Собранието на Македонија во тек е жестока дебата за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата.

default

Собранието на Македонија

Пратеничката на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шекеринска и‘ порача на власта дека битката за терминот „македонски“ не треба да се води во македонските медиуми, туку во Брисел и Стразбур. Според неа, Владата нуди „политика ни име, ни членство“, бидејќи Македонија не е ниту членка на ЕУ и НАТО, а според Шекеринска, името на државата ретко каде се споменува.

За поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски единствен проблем поради кој што Македонија сe‘ уште не ги отпочнала преговорите со ЕУ е блокадата од страна на Грција. Тој го одби предлогот на Шекеринска за формирање на кризен штаб, препорачувајќи таков штаб да се формира во Социјалдемократскиот сојуз поради партиските превирања.

Автор: ЖА/ макфакс

Редактор: А.Трајковска