1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Жестока осуда на сквернавењето

Вчера објавените фотграфии на германски војници во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан кои осквернавуваат посмртни останки, денеска ги окупираа германската јавност и политичарите во Берлин. Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг денеска ја претстави и новата „Бела книга„ во која се опишани променетите насоки за германската армија со оглед на нејзините мисии во странство.

Во целост ќе се расчисти случајот: германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг

Во целост ќе се расчисти случајот: германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг

Единствено е осудата и меѓу германските пратеници во Бундесатгот во врска со штотуку објавените фотографии на германски војници во Авганистан:

„Вакви луѓе со таков однос никако не припаѓаат во Бундесверот„, изјави Ренате Кинаст од зелените во врска со фотографиите што потекнуваат од 2003 година и на кои позираат германски војници. Точните околности ќе бидат испитани. Шестмина осомничени веќе се идентификувани. Двајца од нив се уште се во Бундесверот и затоа мораат да сметаат на казнени, но и дисциплински мерки, до колку се обистинат префрлувањата.

Тоа се поединечни случаи меѓу вкупно околу 200 илјади војници што Германија повремено ги ангажираше во последните години во мисиите во странство, сметаат парламентарците. Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг изрази надеж дека нема да дојде до паушална осуда на армијата. И покрај тоа, како последица, ќе се преиспита обуката, најави Јунг. Политичарот од социјалдемократите Валтер Колбо, подвлече:

„Само оној што активно ќе го признае слободно-демократскиот поредок, може со убедување да ги брани достоинството и човековите права на културите со кои се среќаваат нашите војници во мировните мисии во светот„.

Помалку единствено течеше дебатата за „Белата книга„ во која сојузната влада ја формулира новата безбедносна политика и задачите на 360-те илјади војници и цивили во Бундесверот. Според министерот Јунг, германската безбедност е загрозена пред се од тероризмот, ширењето на средствата за масовно уништување, како и конфликтите и распаѓањето на државите во светот. Во моментов 9 илјади германски војници се во акција на три континенти за навреме на самото место да се соочат со заканите. Од 2010 година Бундесверот ќе може да учествува во пет странски мисии со скоро 14 илјади војници:

„Никој нема да може да префрли дека ние, така да се каже, претставуваме еден вид светска полиција. Меѓутоа, давањето на нашиот прилог во совладувањето на кризите и конфликтите на самото место е соодветно на нашите вредности, на нашите задачи и на нашите интереси„, рече министерот за одбрана Јунг.

Опозиционата лева партија во „Белата книга„ гледа нов доказ за милитаризацијата на политиката, критикуваше нивнито воен експерт Волфганг Герке:

„Велите: развојната политика е задача на Бундсеверот. Обезбедувањето суровини е задача на Бундесверот. Енергетската безбедност е задача на Бундесверот. Прашањата на бегалците и миграционите движења се задача на Бундесверот„.

Левата партија како единствена во Бундестагот во принцип ги одбива мисиите на армијата во странство.

Опозицијата инаку, критикуваше што министерот Јунг не зборуваше за најновиот инцидент со израелските воени авиони при што Израелците, како што се тврди, ниско надлетале над еден германски брод и притоа отвориле оган.

Министерот Јунг, инаку, му соопшти на парламентот дека големата коалиција е единствена цврсто да се придржува кон обврските на армијата.