1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестока вербална пресметка по говорот на Шулц во Кнесетот

Говор на претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц во Кнесетот во Ерусалим предизвика гласни протести. Премиерот на Израел, Нетајаху остро го нападна германскиот политичар. Шулц меѓутоа ја отфрла критиката.

Изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини претседателот на Европскиот парламент, политичарот од редовите на германските социјалдемократи Мартин Шулц, за едностраност во конфликтот на Блискиот Исток, по неговиот говор пред парламентот во Еурсалим придружуван од протести. Шулц ги претставувал како безопасни заканите, на кои бил изложен Израел, и подлегнувал „како и многумина Европејци на селективна перцепција“, рече Нетанјаху во Кнесетот. Изјавите на Шулц отсликувале општ тренд, да се извалка угледот на Израел, без да се познаваат факти од лице место, критикуваше премиерот.

Шулц во неговиот говор, одржан на германски јазик, се осврна и на тешките животни услови на Палестинците. Германскиот социјалдемократ, кој претходно беше во Рамала, појасни дека и Палестинците сакале „да живеат во мир и да имаат неограничена слобода на движење“. Ова меѓутоа ним во Газа не им било овозможено.

EU-Parlamentspräsident Martin Schulz in der Knesset

Претседателот на ЕУ парламентото Мартин Шулц во Кнесетот

Освен тоа едно палестинско момче го прашало, како можело „Изралеците да смеат да користат 70 литри вода дневно, а Палестинците само 17“. На овој дел од говорот на Шулц во пленарната сала изби збрка. Парламентарците од национал-религиозната партија на доселениците „Еврејска куќа“ на министерот за економија Нафтали Бенет го обвинија Шулц за лага и во знак на протест го напуштија Кнесетот.

„Нема причина за извинување“

Бенет на неговата страница на Фејсбук му префрли на Шулц дека говорел невистини. „Не прифаќам никакви лаги од еден Германец“, напиша Бенет. и порача дека Шулц мора да се извини. Ова меѓутоа го одби политичарот од германската Социјалдемократска партија бидејќи не гледа причина за тоа.

Во онлајн изданието на весникот „Ди Велт“ претседателот на Европскиот парламент ја отфрли критиката за неговите изјави. „Јас бев изненаден и погоден од острата реакција, бидејќи јас одржав произраелски говор“, рече 58 годишниот политичар. „Луѓето на кои им пречеше мојот говор ѝ припаѓаат на една партија на тврдокорци, која на секој критички збор, кој ѝ пречи, одговара на овој начин. Американскиот министер за надворешни работи (Џон) Кери го нападнаа на истиот начин“, изјави Шулц.

Поддршка од опозицијата

EU-Parlamentspräsident Martin Schulz in der Knesset

Реакции на говорот на Шулц во парламентот во Еурсалим

Политичарот од СПД истакна дека „на крајот на мојот говор аплаудираа и пратеници од повеќе пратенички групи“, меѓу нив и владини членови. За можноста на германски јазик да говори во Кнесетот Шулц изрази благодарност, и тоа јасно го кажал уште на почетокот на неговиот говор. Водачот на израелската опозиција Јицак Херцог од Работничката партија го критикуваше преку израелското радио однесувањето на пратеничката група на „Еврејска куќа“ како „засрамувачко и скандалозно“. „Мартин Шулц го познаваме како бранител на израелските позиции, исто и во Европскиот парламент“, изјави Херцог.

Шулц во неговиот говор исто така наведе дека не ги проверил податоците на момчето од Рамала, кое го цитираше за различното користење на водата од страна на Изралеците и Палестинците, кои беа критикувани од пратениците.

Израелска група за човекови права неодамна дојде до резултат, дека користењето на вода во Израел е околу 3,5 пати поголемо во споредба со Западниот брег. Во еден извештај на ОН од декември 2012. година се вели дека израелските доселеници во Западниот брег користат шестпати повеќе вода отколку Палестинците во таа област.