1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жерновски: Црквата ќе продолжи да се гради

Катерина Блажевска7 јуни 2013

Немаме намера да рушиме ништо, а црквата ќе продолжи да се гради, изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, по повод денешните протести и зовриената атмосфера пред објектите на општината.

https://p.dw.com/p/18lvm
Фотографија: MIA

Изјавата на Жерновски не стигна до учесниците во протестот, а истата не успеа да ја пренесе ни Претседавачот на Советот, поради зовриената атмосфера пред објектите на општина Центар.

„Досега имаше опсада од внатре, вклучувајќи ја и вчерашната инспекција, со која досега имавме вкупно 13 инспекции. Денеска ова кулминираше со една опсада од надвор. Со претседавачот направив обид да им се обратам на граѓаните, но полицијата ни рече дека нема услови да разговарам со нив. Луѓето се изманипулирани дека имаме намера да рушиме и да го спречиме градењето на црквата. Тоа не е вистина“, рече Жерновски.

Тој потенцира дека Црквата ќе продолжи да се гради, исто како и другите објекти кои се во процес на изградба и апелира до демонстрантите да ги смират страстите и сите забелешки да ги искажат со приговори до Општината.

Ситуацијата пред општина Центар е смирена, дел од демонстратите заминаа, дел се уште се таму.