1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Жерновски: Нема да има нови проекти од Скопје 2014

Градоначалникот на скопската општина Центар, Андреј Жерновски денеска најави дека има намера парите за чување и заштита на спомениците од Скопје 2014 да ги пренамени за ново училиште во Капиштец.

Нема да има нови проекти од Скопје 2014 во Центар, изјави денески на прес конференција градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

„Нема ништо да преземам ново, но нема да стопирам нешто што е започнато. Никогаш не сум рекол дека ќе уривам нешто и никогаш не сум ги делел спомениците од историјата на македонскиот народ и другите заедници, но нови проекти од Скопје 2014 нема да има“, рече Жерновски.

Тој додаде дека граѓаните на Центар нема да плаќаат 1,6 милиони евра за чување, заштита и користење на спомениците и фонтаните од проектот Скопје 2014 за наредните четири години, а заштедените пари по таа основа ќе се искористат за ново училиште во Капиштец.