1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жерар Депардје стана Русин

Францускиот актер Жерар Депардје денеска (03.01) доби руско државјанство. Актерот со ваквиот чекор има намера да избегне плаќање данок за богати, кој е воведен во Франција.

Рускиот претседател Владимир Путин му додели руско државјанство на францускиот актер Жерар Депардје. Кремљ соопшти дека претседателот го потпишал декретот. Барањето за руско државјанство филмската ѕвезда го доставила „преку амбасадата, не толку одамна“, изјави портпаролот на Путин, Дмитри Песков.

Живеалиштето е веќе променето

Депардје неодамна купи куќа во Белгија со што го промени своето живеалиште. На тој начин актерот сака да избегне плаќање данок за богати во Франција. Неговите планови предизвикаа жестока полемика во Франција. Поради големите критики на негова сметка, Депардје налутено најави дека ќе се откаже од француското државјанство.

Во Франција, од почетокот на 2013 година, граѓаните кои заработуваат повеќе од еден милион евра годишно требаше да се оданочуваат со 75 проценти. Ваквото правило требаше да важи првично за период од две години. Од него би биле погодени околу 1500 Французи, кои ќе треба да плаќаат во просек по 150.000 евра годишно повеќе отколку досега. Со ваквата стапка на оданочување во буџетот годишно требаше да се влеат околу 210 милиони евра повеќе.

Францускиот претседател Франсоа Оланд меѓутоа претрпе тежок пораз со својот престижен проект на оданочување. Непосредно пред да стапи во сила, Уставниот совет ги урна плановите за данок за богати. Највисокиот суд во Париз пресуди дека ваквото правило се заснова на погрешна основа. Владата веднаш потоа најави подобрување на законот. Данокот за богати инаку беше едно од централните предизборни ветувања на социјалистите.