1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Женските чанти со повеќе бактерии од тоалетните шолји

Женските чанти содржат повеќе бактерии од просечна тоалетна шолја, а највалканиот предмет во торбата е кремот за раце на кој има повеќе бактерии отколку на штицата од шолјата во ВЦ-то.

Според резултатите од истражувањето што го пренесува весникот Дејли Мејл, најмногу бактерии на женските кожени чанти има поради тоа што текстурата од кожа е добра за размножување и опстојување на бактериите, сметаат научниците, коишто на жените им препорачуваат почесто да ги мијат рацете и да користат шамичиња за дезинфекција за чистење на нивните торби и нивните содржини.

Истражувањето што го спровеле научниците од институтот „Initial Washroom Hygiene“ покажало дека рачката на секоја петта женска торба има доволно бактерии за да претставува опасност за здравјето. Во ова истражување подобро се „рангирани“ кармините и маскарите. Пет Барат, менаџер во институтот, вели дека женските чанти доаѓаат во редовен контакт со рацете и многу други површини, па опасноста од пренесување на разни причинители на болести е многу висок, особено имајќи предвид дека торбите не се чистат редовно.

„Еднаш кога тие предизвикувачи на болести ќе стасаат до торбите, потоа лесно се пренесуваат со рацете на другите површини“, предупредува Барат.