1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Жени зад решетки

Ако се споредува со машките затвори, женскиот дел од Идризово изгледа како хотел. Но не е се‘ во материјалните услови. Затвреничките се жалат дека некои од нив се попривилегирани од останатите.

default

„Избриши ги солзите од твоето лице. Смири го твоето растреперено срце, знам дека сега сме ранети, но времето ќе ги излечи раните наши. Не се секирај мамо, ќе помине тагата и повторно спокоен ќе биде животот наш.“

Ова се зборовите кои една затвореничка во скопскиот затвор Идризово ги слушна од нејзините пет деца преку затворската телефонска говорница. Потоа ги запиша и на последниот осми март ги сподели со јавноста.

Gefängnis Wärter schließt eine Tür

Осуденичките се сместени по две до три во една соба

Во Македонија има 44 жени кои издржуваат затворска казна. Сите се сместени во Идризово, каде единствено има женски затворски оддел.

Директорката на Управата, Лидија Гавриловска, околу условите во кои живеат осуденичките во Македонија, вели:

„Одделението е организирано како една куќа, осуденичките се сместени по две до три во една соба, слободното време го користат по сопствена желба.“

Женскиот дел на Идризово пред неколку месеци го посетија претставнички на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Впечатокот на Павлина Зефиќ и Вјолца Мора Бајрами се разликува од кажувањето на директорката Гавриловска.

„Да, се прикажува како да е хотел. Ако се споредува со машкиот дел и особено старото крило, условите се солидни. Но, не е се‘ во материјалните услови. Осуденичките се жалат на дискриминација во третманот.“

Нема забелешки за остварувањето мајчински права

Symbolbild Gefängnis

Во Македонија има 44 жени кои издржуваат затворска казна

Речиси сите затворенички се мајки. Според затворските правила, нивните деца можат да ги посетуваат еднаш месечно, но доброто поведение овозможува средби многу почесто. На остварувањето на мајчинските права немаат забелешки ниту активистите од Хелсиншкиот комитет.

Затворите се една од најкритикуваните институции во Македонија. Главен проблем е пренатрупаноста, но материјалните услови не се единствената забелешка. Препораките се дека треба да се работи на подобрување на правата на затворениците.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска