1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Жените на власт

Точно во 11 часот и 11 минути во метрополите долж реката Рајна почна уличниот карневал. Според обичајот, на денешен ден жените ја преземаат власта со симболичен гест: им ги сечат вратоврските на мажите!

default

Со таканаречената „Вајберфастнахт“, денеска (03.03) во рајнската област почнува уличниот карневал. Жените денеска ја преземаат власта во свои раце и ги „освојуваат“ собраниските згради. Во канцелариите, мажите по правило носат само стари вратоврски, оти „женчињата“ им ги кратат. Овој обичај настанал во периодот кога мажите имале неограничена моќ, и според етнолозите, тој денес веќе не е оправдан.

Karneval Weiberfastnacht in Düssedorf

Денешниот ден, имено, почнал да се прославува уште во средниот век, особено во манастирите со калуѓерки. Така на пример, постојат записи од бенедиктинскиот манастир Сент Маурициус, дека на овој ден се правеле големи прослави и сите калуѓерки биле маскирани. Преку ден се „танцувало и скокало“, а навечер игуменијата одела на спиење, а калуѓерките играле карти.

Исто така и сопругите на овој ден не им биле послушни на своите мажи. „Вајберфастнахт“ во тој период се сметал за големо ослободување, мала револуција. Обичајот жените да им ги отсекуваат вратоврските на мажите настанал многу подоцна, во 1945 година.

Автор: АТ/ ЖА/ дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM