1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жените најголеми губитници во кризата

Поголема рамноправност, изедначување на платите и порамноправна застапеност во политичкиот живот. Ова се бара и во пораките на овој осми март. Но, можноста за рамноправност на жените повторно запаѓа во втор план.

default

Ако до сега ова беа само празни зборови, сега кон тоа се придодава и недостатокот на пари. Така можноста за рамноправноста на жените повторно запаѓа во втор план. Во западните индустриски земји жените се повеќе погодени со отпуштањето од работа, отколку мажите. Причина е што повеќето работат во услужните дејности, каде сега најмногу се штеди.

Помалку пари во семејниот буџет, значи и помалку пари за нега и и третман на постарите и болни членови на семејствата или помалку пари за грижа за децата. Жените не само што брзо остануваат без работа, туку мора повторно да ги преземат домаќинските работи. Со тоа се намалуваат шансите некогаш повторно да се вратат на пазарот за работа.

Im Supermarkt CAP in Hamburg sitzt eine Mitarbeiterin an der Kasse.

Жените коишто работат во услужните дејности се најчесто најслабо платени

Покрај ова, шансите за добра пензија се топат поради загубите на берзите. Во Германија и Велика Британија има примери на жени со ниските плати или лошо платените работи, поради што ниската државна пензија треба да се засили со приватната. Но, поради кризата и приватните пензиски фондови се во голема опасност. Темата сиромаштија на стари години е се’ поактуелна.

На штета на жените

Не е ништо подобра состојбата ниту во неразвиените и земјите во развој. Дали системот на издавање микро кредити, пред се наменети за жените коишто имаат планови за основање локален бизнис, има перспектива и во времето на финансиска криза? Дали земјите и понатаму ќе може да ги финансираат мерките и проектитите за помош на жените? Како може да се подобри состојбата на жените во земји во кои има огромен процент на заболени од ХИВ, ако нема социјален систем за поддршка и здравствена грижа?

И пред кризата, наводната слобода на работната сила беше на штета на жените. Добрите и образовани жени во Европа редовно „удираа во стаклена врата“ при обидот да се искачат кон погорните скалила во некое претпријатие. Лошо образованите жени, пак работат за ниски плати и под лоши работни услови во евтините трговски сиџири, додека нивните газди се богатат.

Arbeitsplatz mit Computer

И покрај добрите квалификации жените потешко доаѓаат до водечките позиции во претпријатијата

Време е за поуки

Крајно време е од финансиската криза да се извлече нешто корисно. Крајно време е да се положат политичките темели и да се спроведе принципот на полова рамноправност. Елементите коишто предизвикуваат полова дискриминација во една политика можат однапред да се предвидат и да се избегнат. Само дебата на оваа тема може да поттикне значителни процеси. Крајно време политиката да престане да ги затвора очите пред проблемот на полова нерамноправност. Оној кој како германската влада пред одборот на ОН за права на жените, ќе го одбие „gender mainstreaming“, односно концептот на јавна политика на рамноправност на половите како „премногу бирократски“, самиот себе на долг рок се прави неуверлив. На крајот на краиштата, слободниот проток на работна сила во самата развојна политика на соработка нема да биде само проповедан. Доделувањето на финансиски средства ќе зависи од развојот на концептот за полова рамноправност. А тоа би требало да важи за сите.