1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жените во многу земји од светот и натаму се запоставувани

Ова е еден од заклучоците што произлегува од најновиот извештај за светското население, што претставници на ОН и германската министерка за развојна помош Хајдемари Вичорек Цојл го претставија во Берлин.

default

Извештајот на ОН за населението ги покажува основните трендови

Според извештајот, 60 проценти од милијарда најсиромашни луѓе на светот се жени или девојчиња. Исто така, две третини од 960 милиони возрасни, кои не знаат да читаат и пишуваат, се од женски пол. Додека 70 проценти од 130 милиони деца кои не посетуваат училиште се девојчиња.

Фондот за население на ОН, УНФПА, еднаш годишно го претставува извештајот за светското население. Во него годинава се нагласува дека дискриминацијата на жените „е широко распространета во многу култури и се` уште е длабоко вкоренета“. Дури и во развиените индустриски земји како Германија, жените за иста работа се` уште заработуваат помалку од нивните машки колеги.

На Земјата станува тесно

Според извештајот за светското население, годинава на планетата живеат 6,75 милијарди луѓе, од нив четири милијарди на азискиот континент.

Deutsche Stiftung Weltbevölkerung Uganda Jugendclubs AIDS HIV Jugend Aufklärung Gesundheit in Tansania

Наскоро ќе не’ има преку 9 милијарди

До 2050. година се смета дека бројот на жители на Земјата ќе се зголеми на 9,2 милијарди. Се очекува во иднина во Африка да живеат две милијари луѓе, двојно повеќе од денес. Стапката на пораст на црниот континтет просечно изнесува 4,6 деца по жена, додека за споредба во Европа се раѓаат 1,45 дете.

Во извештајот се предвидува дека бројот на наслението во Германија од сегашните 82,5 милиони во 2050. година ќе се намали на 74,1 милион луѓе. Природниот пораст во Германија е под европскиот просек и изнесува 1,36.

Најтешко е во Африка

Смртноста на децата под пет години во Африка во просек изнесува 140 од 1000 живи родени деца, додека во Германија тоа е случај со пет од 1000 деца. Во Германија само 0,9 проценти од жените на возраст од 15 до 19 години раѓаат деца, додека во Африка тоа е случај со повеќе од 10 насто од младите жени.

Mädchenbeschneidung in Somalia

Сакатењето на половите органи на младите жени во Африка е сериозен проблем

Во извештајот на ОН се изразува загриженост и поради константниот број на смртност кај жените за време на бременост или при породувањето, кој и годинава изнесува половина милион.

Има и напредок

И покрај некои негативни трендови, во извештајот е забележан и напредок. Така на пример, во некои африкански земји во меѓувреме значително е зголемено учеството на жените во политиката. Во извештајот, ОН се залагаат и за тоа да се земат предивид и културните разлики, но тоа не значи и да се прифати, на пример, кастрирањето на женските гениталии, што и покрај сите законски забрани, на многу места се` уште се практикува.