1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Женева: Бараната компакт класа

На саемот за автомобили во Женева, своите новитети ги претставуваат 260 производители и лиферанти. Многу возила тука се претставуваат за првпат, меѓу нив и новите модели од продажниот адут - компакт класата.

На Меѓународниот саем на автомобили во Женева, германските производители на возила традиционално се многу застапени. Впечатливо на актуелниот 82. автосалон во швајцарскиот град (се одржува од 8. до 18. март) е дека под плаштот на високите цени на бензините автоконцерните не полагаат надежи само во големите скапи модели.

Целосно нова А- класа

Genfer Autosalon 2012

Новата А- класа на Мерцедес

Еден губитник влегува во продолжение. Освен името, новата А-класа на Мерцедес меѓутоа нема ништо заедничко со својот претходник. Концернот Дајмлер вложи милијарди во т.н компакт класа - досега без успех. За Мерцедес би биле важни големите бројки на производство во овој сегмент, зашто само така можат да се намалат трошоците.

„Што се однесува до волуменот тоа е многу важен сегмент и со оваа нова производна серија со пет различни модели на оваа платформа ние сме и во состојба да заработиме добри пари. Со тоа расте и релевантноста за овој сегмент“, вели Дитер Цече, претседател на Управниот одбор на Дајмлер.

Продолжено Чинквеченто

Genfer Autosalon 2012

Новиот Фиат 500 Л

Под мото „без експерименти“ компанијата ќерка на Фолксваген - Ауди, го претставува најважниот модел за широка потрошувачка - А3. Значително полесен и поштедлив од неговиот претходник, тој повторно треба да обезбеди повисоки добивки. Тоа е можно и преку новата производствена техника и преку заедничкото купување во рамките на концернот. Додека продажните цени благо растат, трошоците на производство можеа да бидат намалени за речиси една третина.

За сензација се погрижи меѓутоа Фиат со продолжената верзија на моделот 500 (Чинквеченто). Таа треба да се надоврзе на продажните успеси на малото култно возило. Новиот модел е мини комби со пет врати.

Автор:Томас Нојфелд/Симе Недевски

Редактор. Елизабета Милошевска Фиданоска