1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Железницата ќе штрајкува

Нема договор меѓу синдикатот и работодавачот

default

Раководството на Германски железници и синдикатот на машиновозачите ја исклучија можнота за компромис во последна минута. Маргарет Сукале од раководството на германски железници нагласи дека дефинитивно нема да има посебен тарифен договор каков што бара синдикатот на машиновозачите, и затоа нема да биде исполнет ултиматумот - до вечерва да биде понудена подобрена понуда. Шефот на синдикатот, Манфред Шел, од своја страна потврди дека не може да се прават отстапки за предложениот тарифен договор, но сепак со раководството на коцернот би можело да се разговара околу барањето за зголемување на платата од 31 процент. Штрајкот на машиновозачите ќе почне во четврток и тоа во делот на транспортниот железнички сообраќај.