1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Железницата трпи најголеми штети од грчката криза

Штрајковите и блокадите во Грција предизвикуваат проблеми во работењето на фирмите во Македонија. Конкретни бројки за штетите засега не се соопштуваат. Најпогоден е транспортот и железницата.

default

Најголеми штети претрпеле транспортните претпријатија и железничкиот сообраќај

Перманентните сообраќајни блокади предизвикани од континуираните штрајкови на јавната администрација во Грција и дел од тамошните синдикати и незадоволни стопанственици се одразија негативно врз економско финансиското работење на македонското стопанство. Интензитетот на штетите е различен по одделни дејности, но засега никој, барем јавно, не оперира со конкретни бројки.

Demonstration in Athen Griechenland

Штрајковите и блокадите во Грција предизвикуваат проблеми во работењето на фирмите во Македонија

Стопанската комора која во изминатиов период спроведе бизнис анкета за да го напипа пулсот на компаниите, констатира дека најголем дел од штетите претрпеле транспортните претпријатија и железничкиот сообраќај. Митко Митевски од Стопанската комора, за Дојче веле објаснува дека благодарение на снаодливоста и алтернативните патишта, транспортерите не претрпеле огромни штети, што не било случај и кај железницата. Освен финансискиот, овој сектор претрпел последици и во делот на губење на атрактивноста на користење на железничкиот транзитен превоз кај странските коминтенти:

„За илустрација, во текот на 2009 година беа регистрирани штрајкови во вкупно времетраење од околу 72 дена во различни периоди од годината. Во таква ситуација, доаѓа до преупатување на вагоните преку Бугарија, поради непостоењето на обврската за царина меѓу овие две земји кои се членки на ЕУ. Коминтентите од и кон пристаништето во Солун се определуваат да користат друг железнички правец, вагони на други железнички управи со цел да ги избегнат блокадите и непосакуваните трошоци, што се одразува негативно врз македонски железници“.

Грчките фирми не ја реинвестираат добивката во Македонија

Колкави се индиректните штети врз целокупното стопанство се‘ уште се испитува. Бизнис заедницата сака поконкретна анализа, која би ја доставиле до надлежните државни органи, по што доколку има потреба како реакција би се проследила до надлежните во

Symbolbild Finanzkrise Wirtschaftskrise Griechenland

Грција е во редот на петте најголеми инвеститори во Македонија

ЕУ. За ублажување на последиците влијаат и контактите на бизнисмените меѓу двете земји, кои според стопанската комора засега даваат ефект:

„Преку нашите служби во стопанската комора непосредно соработуваме со стопанската комора на Грција во однос на сите проблеми. Ефектите се присутни, непосредноста дава можност тоа да се надмине, така што во рамките на тоа што тие можат да го надминат мислам дека до сега имало ефекти“.

Грција, инаку, е во редот на петте најголеми инвеститори во Македонија и една од земјите со кои се остварува најголема трговска размена. Дел од експертите предупредија дека наместо најавените проширувања на инвестициите, дел од грчките фирми добивката во Македонија наместо да ја реинвестираат, ја повлекуваат во централите во Грција.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска