1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Е- цигари: ниту лек, ниту отров

Електронската цигара доживува бум во Германија. Овој нов изум се претставува како помалку штетен супститут за обичните цигари, без отрови и непријатен мирис. Сепак, останува опасноста од зависност од никотин.

default

Пушењето е штетно за здравјето. Пушењето убива. Пушењето е опасно. И за пушачот и за неговото опкружување. Пред се’, затоа што при горењето на тутунот се испуштаат и инхалираат околу 4.000 хемиски реакции, од нив стотици се опасни за здравјето, а 50 предизвикуваат рак. Но пушењето, велат оние кои пушат, е задоволство. Малкумина сакаат да се откажат и покрај опасностите.

Во последно време се’ повеќе пушачи користат електрични, ткн. е- цигари. Оваа пластична направа изгледа како играчка. Се состои од три дела: батерија за полнење, патрон кој се полни со посебна течност за вкус и електричен дел кој произведува пареа.

Течност наместо тутун

Elektronische Zigarette rauchfrei

Кога ќе повлчете од е-цигарата, на местото каде на обичната цигара има жар, тука се наоѓа црвена ЛЕД-диода. При секое повлекување испарува дел од течноста. Од устата излегуваат мали облачиња, исто како и кај нормалната цигара. Само што не смрди. Затоа што не се работи за дим, туку за пареа. Притоа не согорува штетен тутун, туку течност која се состои од вода и пропиленгликол, како и никотински концентрат со различна јачина. За да се доживее чувство на вистинско пушење се вметнува и посебна течност со различни ароми.

Иако изгледа смешно, е-цигарата има една голема предност: таа е далеку помалку штетна од обичната. Со неа не се вдишуваат отровните супстанци како нитрозамин, бензол, тешки метали, формалдехид кои ги има во обичната.

Но и никотинот е токсичен. Тој им припаѓа на групата тешки дроги и невротоксини. Освен тоа што никотинот предизвикува зависност, тој може да биде и смртоносен во колична поголема од 50 милиграми.

Кај е-цигарите количеството на никотин може да биде делумно или целосно изоставено. Дали овие пластични чибуци се добри за откажување од пушење се уште не е докажано. Не постојат научни студии на оваа тема.

Правни недоумици

Elektronische Zigarette rauchfrei

Односот на правото и општеството кон е-цигарата се уште не е регулиран. Дали нејзиното консумирање треба да се регулира со Законот против пушење? Дали треба да се дозволи во ресторани и барови? Или пак во авиони? Според мотото, никого не убива и не смрди. Авионските компании не можат да се договорат, исто како и германските покраини и земјите-членки на ЕУ.

Притоа неодговорено останува клучното прашање: Што е е-цигарата? Стимулатор или лек? Многу продавачи рекламираат дека тие се подобри од никотинските фластери или гуми за џвакање. Доколку се утврди дека се работи за лек, тогаш во иднина треба да се продава во аптеки.

Во моментов е-цигарите чинат околу 50 евра. Тоа не е ефтино ако се земе предвид дека патроните се трошат релативно брзо. Притоа, и покрај сите реклами и најави, пушењето на е-цигарите не е здраво.

Автор: Јудит Хартл/Борис Георгиевски

Редактор:Симе Недевски