1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Е-книгите се прескапи во Европа

Европските потрошувачи плаќаат превисоки цени за таканаречените е-книги, предупредуваат од Европската Комисија. Оттаму отворија истрага против „Епл“ и неколку големи издавачи поради монополизација на пазарот.

default

Во САД веќе подолго време тие се бестселери. Продажбата на електронските книги во САД само ланската година се зголеми за 160 проценти. Но, во Европа пазарот е се’ уште многу мал.

Европските потрошувачи, притоа, за е-книгите треба да платат многу висока цена, предупредуваат од антимонополската агенција на ЕУ. Оттаму завчера (06.12) отворија истрага против пет големи издавачки куќи и концернот „Епл“.

„Комисијата ќе отвори истрага за да утврди дали овие издавачи и Епл меѓусебно се договорале, или се обидувале да ја попречат конкуренцијата“, изјави портпаролката на Европската Комисија, Амелија Торес.

Сомнежите се дека американскиот „Епл“ и големите издавачи, како британскиот „Пингвин“ и германскиот „Холцбринк“, го оневозможиле конкурентот Амазон да продава е-книги по пониски цени.

Доколку ваквите сомнежи се потврдат во текот на истрагата, осомничените ќе треба да платат големи парични казни.

Автор: Ариане Мор/Борис Георгиевски

Редактор: Е.Милошевска Фиданоска