1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ештон: Република Српска не може самостојно во ЕУ

Од канцеларијата на високата претставничка ги отфрлаат најавите на претставници на Бања Лука дека ќе бараат одвоено од БиХ да бидат примени во ЕУ

Канцеларијата на високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, ја отфрли можноста за самостоен европски пат на Република Српска во однос на Босна и Херцеговина, пишува во саботата весникот „Дневни Аваз“. Според наводите од канцеларијата на Кетрин Ештон по последните изјави на функционери од Бања Лука, оценето е дека никаков „посебен европски пат на РС нема поддршка од ЕУ“.

„Само Босна и Херцеговина како единствена земја може да влезе во ЕУ. Поради изразените децентрализирани распределби на функциите во БиХ, ЕУ предложи оваа држава да договори и да воспостави ефикасен механизам за координација во врска со прашањата за европската интеграција“, изјавиле за весникот од канцеларијата на Ештон.

Притоа изворите на весникот отфрлиле какво и да е „кипарско сценарио“ кое како можност го наведуваа претставници на Република Српска, и ги осудиле изјавите на челниците на овој ентитет за одвоено делување и доведување во прашање на условите од планот кој Европската комисија го договори со босанскохерцеговските челници за стекнување на статусот кандидат за Европската унија.

Функционерите од Република Српска ја заговараат можноста овој ентитет според примерот на грчкиот дел од Кипар биде примен во Европската унија.