1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ештон притиска за отворање на границите

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон се залага за значително олабавување на блокадата на Појасот Газа. Треба да бидат отворени сите гранични премини, изјави Ештон за време на посетата на Газа.

default

Кетрин Ештон и премиерот на Палестинците Салам Фајад

Шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон е прв странски дипломат кој го посетил Појасот Газа откако Израел делумно ја олабави блокадата, пред три недели. Таа зборуваше во едно училиште на Програмата за помош на ОН со која се опфатени палестински бегалци и за време на посетата на Појасот Газа нема да има средби со претставници на радикално-исламистичкиот Хамас.

На прес-конференцијата одржана на просторот на училиштетот на ОН, Ештон пледираше: „Луѓето овде ја признаваат и разбираат потребата од безбедност на Израел, но тоа не треба да ја спречува

Lockerung Gaza Blockade Baumaterial Israel Gazastreifen Kerem Shalom

Во Газа сега може да влегуваат градежни материјали за официјално одобрени меѓународни проекти

можноста за проток на стоки во и од Газа за да можат да ги обноват куќите, за децата да можат да посетуваат училишта кои функционираат и за да може да се одвива бизнисот“, рече шеф-дипломатот на ЕУ.

Ештон, која се среќава и со претседателот на Палестинците Махмуд Абас и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска посети две од вкупно 900 претпријатија во Појасот Газа кои ќе добијат помош од ЕУ во висина од 22 милиони евра за да почнат одново да работат.

Откако на крајот на мај, при нападот на израелските безбендосни сили врз бродот со хуманитарна помош наменета за Појасот Газа, загинаа деветмина Турци, Израел беше приморан под притисок на меѓународната заедница да спроведе олабавување на блокадата за Појасот Газа. Во меѓувреме, во Газа може да влегуваат градежни материјали за официјално одобрени меѓународни проекти, но извозот и преминот на границата од страна на лица, е и натаму речиси невозможен.

Автор: ЕМФ/АТ/дпа/апн.дв

Редактор: Александра Трајковска