1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ештон го поздрави усвојувањето на планот во Белград и Приштина

Европскиот прв дипломат Кетрин Ештон го поздрави усвојувањето на планот за примена на Бриселскиот договор од страна на владите во Белгради Приштина.

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ја поздрави денеска одлуката на Белград и Приштина да го усвојат планот за примена на договорот за нормализација на односите и нагласи дека со тоа не се прејудицира статусот на Косово.

„Примената на планот треба да ги реши проблемите на теренот и да обезбеди забрзан напредок на Србија и Косово кон ЕУ. Тој претставува нов чекор напред во дијалогот во кој посредува ЕУ и не прејудицира ставови на двете страни за статусот на Косово “, се истакнува во писменото соопштение на Ештон.

Тоа е чекор напред во дијалогот на Белград и Приштина со кој не се прејудицираат ставовите на двете страни за статусот на Косово, истакна Ештон.

Високата претставничка им оддаде почит на двете страни во дијалогот и додаде дека личниот ангажман на премиерите на Србија Ивица Дачиќ и на Косово Хашим Тачи и во иднина ќе биде неопходен за да се спроведе договорот.

Владата на Косово планот за примена на Бриселскиот договор го усвои на 24. мај, додека Владата на Србија на 26. мај.