1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ештон го информира СБ околу разговорите со Иран

По новите разговори околу спорната иранска атомска програма, Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон ќе го информира Советот за безбедност за состојбата уште во текот на оваа недела.

Според канцеларијата на Кетрин Ештон, таа во текот на неделава во Њујорк треба да се сретне со амбасадорите на Кина, Германија, Франција, Велика Британија, Русија и САД. Ештон вчера во Истанбул разговараше со иранскиот преговарач во спорот околу атомската програма Саид Џалили. Детали по разговорите не се соопштени. Претходно беше најавено дека Ештон има намера да побара од владата во Техеран да преземе „чекор во насока на зајакнување на довербата“. Од Техеран пред разговорите беше соопштено дека Иран е заинтересиран за продолжување на преговорите.

Пред почетокот на новите разговори, владата во Техеран остро ја критикуваше Меѓународната агенција за атомска енергија. Шефот на иранската атомска програма Фереидун Абаси ги обвини атомските власти за саботажа. Како пример тој го наведе инцидентот што се случил во подземната атомска постројка Фордо, при што во август експлодирале кабли за струја. Целта на нападот, според Иран, била да се уништат центрифугите за облагородување ураниум.