1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕЦБ со подобри прогнози за конјуктурата во еврозоната

Конјуктурните слабости во еврозоната, според проценките на Европската централна банка, ќе завршат побрзо отколку што досега се очекуваше.

Според прогнозите на ЕЦБ претставени денеска (05.09), економијата во евро-државите во текот на оваа година ќе забележи пад од 0,4%. Во јуни ЕЦБ прогнозираше дека падот ќе изнесува 0,6%.

„Стопанството веројатно ќе се опоравува полека“, изјави во Франкфурт претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

Имено, за наредната година Европската централна банка прогнозира пораст во еврозоната од 1% (досегашните прогнози беа 1,1%). Што се однесува до стапката на инфлација, ЕЦБ смета дека таа годинава ќе изнесува 1,5 проценти (досега 1,4%), а во наредната година 1,3 проценти, што е значително помалку од прагот на предупредување што го има определено банката и кој изнесува 2%.