1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕЦБ прераснува во политбиро на Европа

Дали ЕЦБ со купувањето обврзници го пречекорува својот мандат или не? Во секој случај тоа е промена во Европа. Впрочем, чуварите на валутата во иднина ќе водат политика, коментира Хенрик Беме.

Кому треба да му се јавам ако сакам да разговарам со Европа? Поранешниот американски министер за надворешни работи Хенри Кисинџер беше тој кој го постави ова прашање. Денес на него мора да му се одговори: во Франкфурт, во Европската централна банка, оти од вчера е јасно дека таму се крои европската политика, а не во Брисел.

Со својата одлука да купува државни обврзници на земјите во криза со неограничен лимит, ЕЦБ го прекрши досегашното правило, според кое Централната банка е единствено обврзана за стабилноста на цените. Тоа е сега минато. Чуварите на валутата ја прекршија оваа традиција, и го прекршија постоечкото право. Банката прераснува во финансисер на државите.

Deutsche Welle Henrik Böhme Chefredaktion GLOBAL Wirtschaft

Хенрик Беме автор на коментарот

Единствено германскиот претставник во Советот на ЕЦБ, шефот на Бундесбанката Јенс Вајдман, гласаше против оваа одлука. Дури и земјите кои досега беа на негова страна - Финска, Луксембург и Холандија, на крајот му свртеа грб на Германецот. И уште полошо: германската канцеларка Ангела Меркел, која досега му даваше поддршка на Вајдман, сега изјави дека ЕЦБ делувала во рамките на својот мандат.

Но како може ЕЦБ уште да тврди дека била најнезависната емисиона банка во светот? Таа тоа треба да биде според нејзините сопствени статути и уставот на ЕУ. Но тоа веќе не може да биде, оти вчерашната одлука предвидува да го активира купувањето државни обврзници дури тогаш, кога една земја ќе влезе под спасувачкиот чадор. Со ова Централната банка води политика.

А што ве молам е подобро во новата програма, отколку во првата од овој вид? Уште во изминатите две години Европската централна банка им ги откупуваше обврзниците на задолжените земји. Додуша со финансиска рамка, но сепак со надеж, дека политичарите во кризните држави, ќе се заложат за спроведување на итно неопходните реформи. Но тоа не го сторија убедливо. Шпанија и Италија и покрај тоа мораат да нудат рекордни камати за своите долгови. Рекордните пазарни камати за државните обврзници пак, не се ништо друго освен сметката што мора се плати за незавршените домашни задачи.

Значи ако ЕЦБ масовно се вмеша во пазарот на државни обврзници, оти тој, според шефот на ЕЦБ Марио Драги, е пореметен, тоа можеби краткорочно ќе доведе до релаксирање на состојбите. Но, на крајот овој гигантски товар ќе падне врз грбот на Европа.

Во основа сеедно е каква одлука ќе донесе германскиот Уставен суд идната среда за спасувачкиот часор ЕСМ - дали овој механизам е во согласност со германскиот Устав или не. Дури и судот да каже не, тоа нема да ја задржи ЕЦБ да ја спроведе својата програма за обврзниците.

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе му биде благодарна на Драги. Таа не мора веќе да го прашува парламентот кога спасувачкиот чадор натамошно ќе мора да се „дуе“. Имено, одулуката ја носи Европската централна банка. Таа впрочем ја стави во погон машината за печатење пари, и само Марио Драги знае, каде е копчето.

Поврзана содржина