1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕЦБ без лимит ќе купува државни обврзници

Европската централна банка презема натамошни мерки за спас на еврото. Под строги услови во иднина би можеле да се купуваат неограничено обврзници од кризините држави.

Европската централна банка прави нтамошни обиди да спречи распаѓање на монетарната унија. На пресконференција по седницата на Советот претседателот на ЕЦБ Марио Драги најави нова програма за обврзници. Притоа нема да биде опредена горна граница за волуменот. Програмата ќе биде завршена, кога ќе бидат постигнати целите, подвлече Драги.

Програмата ќе овозможи, да се надминат проблемите на пазарите за обврзници, дополни шефот на ЕЦБ. Европската централна банка ќе делува независно и во рамките на нејзиниот мандат. „Еврото е неповратно“, нагласи одлучно Драги.

Со ова тој ја прецизираше неговата најава од почетокот на август. Погодените земји би морале да достават барање за помош до спасувачките фондови ЕФСФ/ ЕСМ и да прифатат политички обврски. Ова е неопходен услов, но не значи автоматски дека ЕЦБ навистина ќе преземе мерки, истакна Драги.

Германската канцеларка Ангела Меркел од своја страна нагласи дека напорите на Европската централна банка неможат да ги заменат мерките за реформи на политиката за стабилизацијата на евро-зоната. „ЕЦБ агира според нејзината незавинсност и во рамките на своите рамки. Таа е одговорна за стабилноста на вредноста на парите“, изјави денеска Меркел во Мадрид на пресконференцијата со шпанскиот премиер Маријано Рахој, која се оддржа паралелно со пресконференцијата на шефот на ЕЦБ Марио Драги.

Шпанија, Италија, Франција како и ОЕЦД повеќепати се заложија за поголем ангажман од страна на ЕЦБ.

Поврзана содржина