1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ехото за девалвација на денарот е се’ погласно во Македонија

Опозицијата во Македонија ја критикува економската политика на владата, којашто, според нив, ја води земјата во длабока криза. Централната банка ги коментира гласините за девалвација на денарот како шпекулации.

default

Последната девалвација на денарот се случи во 1997 година

Последните предупредувања дека промената во курсот на националната валута е неизбежна стасаа во парламентот за време на дебатата за буџетот за 2009. Пратениците од опозицијата критикуваат дека економската политика на владата неминовно ја води Македонија во длабока криза што ќе резултира со девалвација на денарот.

Македонија неизбежно ќе биде погодена од глобалната економска криза. Мерките што ги донесе владата се недоволни за ублажување на последиците смета Тито Петковски од НСДП. Најдециден во прогнозата дека денарот ќе девалвира е Јован Манасиевски од ЛДП.

Шпекулации. Така централната банка ги коментира прогнозите за девалвација и се обидува да ја смири јавноста. Курсот на денарот останува стабилен, тврди гувернерот Петар Гошев. Во одбрана на курсот на денарот и ликвидноста на банките централната банка усвои низа мерки. Монетарната власт ги обврза банките во 2009 да ги зголемат резервите на пари, и ги заостри критериумите за чување на девизите во странство. Банкарите се воздржани во оценките на новите правила.

Македонија со години води политика на ниска инфлација и стабилен курс на денарот. Националната валута е врзана за еврото и тоа на позиција од 61, 4 денари за едно евро. Последната девалвација на денарот се случи во 1997 година.