Ефтините автомобили нов приоритет на автоконцерните | Економија | DW | 21.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ефтините автомобили нов приоритет на автоконцерните

Производителите на автомобили на меѓубародниот саем во Франкфурт презентираа различни решенија за штедливи и еколошки автомобили. Но, во тренд се и малите и ефтини модели.

default

Фабрика на Форд

Речиси сите автоконцерни во меѓувреме започнаа со производство на ефтини еавтомобили чија цена не преоѓа над 10 000 евра. На пример, основната верзија на малиот автомобил на Тојота, Ајго чини 9350 евра. Го има и во диско верзија. Задниот дел на возилото целосно се отвора. Се појавуваат два големи грамофони и Ди Џејот може да се погрижи за доброто расположение. Секако и цената на ваквиот модел е многу поголема.

Многу поефтин е моделот Форд Ка Студент. Може да се добие за 8200 евра.

“Сладок автомобил”, велат посетителите.

Сладок, веројатно. Но, многумина не се задоволни од квалитетот што го нуди Форд Ка Еден посетител вели:

“Прескап е за овој квалитет. Кога ќе го погледнете внатре, лакираната горна површина кај вратата за две години целосно ќе се изгребе. Мора да се смета на тоа. Тогаш подобро да се додат уште илјада евра за нешто друго”

Форд Ка не е најефтиниот автомобил кој се нуди на саемот

За нешто помалку од 8000 евра може да се купи Цитроен Ц1. Иако на шофершајбната му стои цена од 9090 евра. Претставничка на компанијата објаснува:

“За тоа мора да одите кај дилерите на автомобили кои во моментов имаат акција со попуст на автомобилите.Таа ќе трае уште некое време и таму автомобилот чини 7590 евра”.

На саемот не може да се пронајде автомобил многу поефтин од оваа цена. Само Лада нуди модел за сто евра помалку.

“Најефтиниот модел е 1118 и чини 7490 евра”, објаснуваат на штандот.

Привлечни и руските автомобили

Има доста гужва околу руските автомобили. Постојано се отвораат и затвораат вратите на автомобилите, се проверува моторот под хаубата, многу луѓе седнуваат во нив за да ја проверат удобноста и внатрешноста.

“Мислам дека не се исплаќа бидејќи изработката не е на најдобро ниво”.

Од изложените модели најефтин е Дачија Логан. Романски автомобил од концернот Рено. За него ќе платите 290 евра помалку од Лада-та. Дел од посетителите се задоволни од понудата

“Автомобилот остава позитивен впечаток. Не е секогаш најважно да е луксузен. За некој кој има помалку пари најважно е да те превезе од едно место на друго.”

Вистина, треба да се погледа и потрошувачката. Логанот на сто километри троши два литра гориво повеќе од 400 евра поскапиот Цитроен Ц1. По неколку илјади километри разликата во цена е надополнета.

Сепак новиот тренд меѓу производителите на автомобили е на пазарот да се понудат модели значително поефтини од овие кои на годинешниот саем во Франкфурт го имаат ваквиот епитет.