1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ефектите од наградната игра со фискални сметки во Словачка - непознати

Македонската влада пред неколку дена најави наградна игра со фискални сметки. Такво нешто од оваа есен се организира и во Словачка. Целта е поголемо собирање на даноци. Експертите се скептични за ефектот од неа.

Словачка уште еднаш ja изненади Европа. Таа е една од ретките земји која воведе рамен данок, но потоа го укина. Со единствена даночна стапка од 19 проценти Словачка се обиде да стане популарна кај претприемачите. Министерот за финансии сега има нова идеја. Словачка теориски ангажира пет милиони нови даночни инспектори. За секого се исплати да погледне дали ќе добие сметка на каса и дали таа навистина е исправна.

„Идејата на нашата држава е сосема едноставна. Многу фирми немаа фискални каси или издаваа било какви сметки. Сега државата успеа да не наведе нас, граѓаните, точно да погледнеме што добиваме в рака“, вели еден Словак.

Едноставна идеја - со добиената сметка Словаците можат да учествуваат во наградна игра. Тие мораат секоја сметка да ја регистрираат на интернет или во лотарија и со неа сопственикот може да добие десет илјади евра или модерен автомобил. На првото извлекување оваа есен учествуваа 200.000 Словаци.

„Ова е добра идеја. Пред сѐ за владата, која така собира повеќе данок“, вели еден жител на Братислава.

„Со секоја сметка можеш да станеш добитник, навистина со секое купување“, додава негов сограѓанин.

Затоа Словаците внимаваат дали при секое купување ќе добијат сметка. За првото извлекување беа регистрирани седум милиони сметки. И цвеќарницата на Маријана мораше да се опреми.

„Ја купивме оваа мала каса, која е сосем доволна. Таа ги има сите неопходни функции, па со неа ја извршивме нашата обврска“, вели цвеќарката Маријана.

Sequenzen der 75. mazedonischen Sendung Evropanorama.

Граѓаните во Братислава собираат фискални сметки и се надеваат на награда

Идејата е бесмислена

Финансискиот аналитичар Мартин Влахински исто така вредно собира сметки - дури и при купување јогурт, иако смета дека даночно-правно идејата е целосно бесмислена.

„Мислиме дека целава акција нема да има големи ефекти. Најголемиот дел од сметките доаѓаат од големите продажни центри. Таму уште претходно имаше фискални каси и тие 100-процентно го плаќаа данокот“, вели Мартин Влахински од Институт за економски анализи ИНЕСС.

Според владата, тоа е од второстепено значење. Таа сѐ уште не може да каже колкав е придонесот за буџетот од ловот на сметки. Министерот за финансии сака со наградната игра да сврти внимание на еден сериозен проблем.

„Оваа лотарија е средство за отворање дебата за плаќањето данок во земјата. Настојуваме да ги натераме луѓето да бараат сметки од трговците. Така трговците ќе почнат да сфаќаат дека во фер претприемачко опкружување е апсолутно нормално да се издаваат сметки и да се плаќа данок. Оти, кој не плаќа данок, во голема мера ја загрозува конкурентноста на целата земја, бидејќи користи нефер предност“, вели Петер Казимир, министер за финансии на Словачка.

И консумирањето алкохолни пијалоци е дел од наградната игра. Затоа и во кафулињата, разбирливо, се зема сметката. Тоа, патем, обезбедува и добар изговор за утрото по тешката ноќ - пиев само за да учествувам во наградната игра.