1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ: Ќе се лиферува ли оружје за сириските бунтовници или не?

Германија инсистира на тоа ЕУ да има единствен став околу сирискиот конфликт. Прашањето дали да се олабави ембаргото за оружје против Сирија ќе биде разгледано наредната недела, соопшти германската канцеларка Меркел.

Министрите за надворешни работи на ЕУ, наредната недела во Даблин, треба да разговараат за проблемот со испорака на оружје за Сирија. На самитот на ЕУ во Брисел за оваа тема се водеа контроверзни дискусии.

Франција и Велика Британија со својот план за што побрзо укинување на ембаргото на ЕУ за оружје против Сирија наидоа на делумно голем отпор кај партнерите во Унијата. Австрискиот канцелар Вернер Фајман е недвосмислено против: „Јас сум против лиферување оружје, сеедно од која страна и за кого“, рече тој во Брисел. „Во конфликт во кој се лиферува оружје не може да се дојде до решение“, нагласи Фајман. Последица од тоа би била што и другата страна би добивала повеќе оружје. Против менување на курсот во сирискиот конфликт се и скандинавските змеји членки на ЕУ.

EU Gipfel Merkel und Hollande

Меркел и Оланд денеска во Брисел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија е подготвена за дискусија околу лиферувањето оружје, но таа на таков чекор гледа со скепса. Мора да се спречи „и другата страна да не почне да добива уште повеќе оружје од земји кои имаат поинаков став кон претседателот Башар ал-Асад од ставот на ЕУ“, рече Меркел.

Земјите на ЕУ на крајот на февруари донесоа одлука да ги продолжат до мај санкциите врз Сирија, чиј дел е и ембаргото за оружје.