1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ ќе расправа за олеснување на визниот режим

Дали Европа ќе ги подотвори вратите за дел од македонските граѓани слободно да патуваат? Советот на министри на ЕУ денеска треба да расправа и околу олеснување на визниот режим за дел од балканските земји.

Ќе поминуваат ли Македонците полесно низ границите на ЕУ?

Ќе поминуваат ли Македонците полесно низ границите на ЕУ?

Неодамна шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја изјави дека затворањето на ЕУ со визна бариера негативно ќе влијае на стабилноста во соседните земји на Унијата, и дека Финска очекува во текот на нејзиното претседателство да се олесни визниот режим барем со една од Земјите од Западниот Балкан. Македонија има најдобри шанси, ако се земе предвид дека веќе доби повластици со тоа што е одложено поскапувањето на визите за една година. Предлогот со конкретни услови што треба да го исполни секоја земја ќе го презентира еврокомесарот за правда Франко Фратини:

Предлогот ќе вклучува не само олеснување на визниот режим , туку и договори за реадмисија, квалитетни пасоши, лични карти и безбедност на границите. Македониане во посебна позиција бидејќи е земја кандидат“, изјави Фратини.

На листата на пожелни за Брисел најверојатно ќе се најдат студентите и бизнисмените, но сепак Брисел најавува дека олеснувањето нема да се случи брзо. Одлуката која за денеска е најавено дека треба да ја донесе министерскиот совет на ЕУ, потоа треба да ја разгледа ЕК која треба да даде мандат за олеснување на визниот режим со некоја земја доколку се оцени дека таа ги исполнила условите за тоа.