1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ ќе отвори постојана мисија во Ирак

Европската комисија има намера да отвори постојано претставништво во Ирак, најави комесарот за надворешна политика на унијата, Бенита Фереро Валднер во Брисел. Отворањето на претставништвото е планирано во наредните четири недели.

Бенита Фереро Валднер

Бенита Фереро Валднер

Изненадувачки – високи претставници на ЕУ во четвртокот отпатуваа за Багдад, за на лице место да добијат слика за состојбите. Поради безбедносни причини – патувањето не беше најавено како што е инаку вообичаено. Еврокомесарот Бенита Фереро Валднер со резиме:

“Можам само да кажам дека многу ми оставија впечаток храброста и решителноста на Ирачаните. Секој ден е нов предизвик. Со јачина и волја тие ја водат напред својата земја. Затоа ја заслужуваат нашата целосна поддршка.“

Терористичките напади и нападите на бунтовниците и натаму предизвикуваат загриженост, изјави Фереро-Валднер. И покрај тоа, ЕУ наскоро има намера да отвори своја мисија во ирачкиот главен град – веднаш штом ќе биде најдена соодветна зграда. Во моментов има само една службеничка, која патува на релација Багдад-Аман:

“Тоа ќе биде почеток чекор по чекор, во прво време со мал број луѓе. Сеуште не знам колку, но претставништвото ќе се зголемува постепено, зависно од безбедносните услови.“

ЕУ има намера да помогне во делот на цивилната управа, снабдувањето со вода и енергија, но сака да понуди и политички совети. Според еврокомесарот за надворешна политика, сосема ќе биде поддржан процесот на донесување устав на земјата. Делегацијата на ЕУ од ирачкиот преоден претседател, Џалал Талабани побарала во процесот на донесување на уставот да бидат вклучени што е можно повеќе претставници на сунитското малцинство. Исламскиот правен ред – шаријата, според Фереро Валднер, во уставот треба да игра подредена улога:

“Разговаравме и околу правната држава и изградбата на управата. Веќе од први јули ќе почнеме со обука на високи полициски службеници и луѓе од судството.“

Првата посета на министри за надворешни работи на ЕУ и комесари од почетокот на ирачката војна треба да биде и подготовка на меѓународната конференција за политичката и економска иднина на Ирак, која треба да се одржи на 22 јуни во Брисел. Се очекуваат претставници на 80 држави и организации, меѓу кои и американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс.

Ирачката војна ја подели Европа во два табора, но тоа е сега минато, уверуваше британскиот министер за надворешни работи, Џек Стро во Багдад додавајќи дека се сака заеднички да се учествува во изградбата на демократски Ирак. ЕУ досега вети 500 милиони евра за обнова на Ирак. Од нив 318 милиони се веќе исплатени.