1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ ќе отвори ново поглавје во преговорите со Турција

Првпат по цели три години ЕУ ќе отвори ново преговарачко поглавје со Турција. Преговорите за сферата регионална политика ќе почнат во октомври, откако ќе биде поднесен извештајот на ЕК за напредокот на Турција.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска (25.06) во Луксембург се договорија за продолжување на преговорите со Турција за приклучување. Пред да почнат преговорите за ново поглавје, од страна на Европската комисија треба да биде поднесен годишниот извештај за состојбата во Турција. Тоа е реакција на ЕУ на насилството употребено против демонстрантите во Турција. Германија, Австрија и Холандија поради однесувањето на турската влада против демонстрантите пружаа отпор на намерата денеска да биде отворено поглавје во преговорите со Турција. Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле сега одлуката на министрите ја оцени како „добро решение во

EU-Außenministertreffen in Luxemburg

Кетрин Ештон и Гидо Вестервеле во Луксембург

тешка состојба“. Неговиот луксембуршки колега Жан Аселборн претходно рече дека ваквото решение - согласност за преговори за ново поглавје, но нивно отворање дури откако ќе биде поднесен извештајот за напредокот на земјата, покажува дека ЕУ верува и натаму во напредок во преговорите за прием на Турција во Унијата, но истовремено реагира на случувањата во таа земја.

Ваквото решение, инаку, било предлог на Германија. Министерот Вестервеле за тоа разговарал со турскиот колега Давутоглу. Преговорите на ЕУ со Турција се блокирани веќе три години. Досега е затворено само едно од вкупно 35 поглавја во преговорите за приклучување, а околу десетина поглавја се отворени. Последното беше отворено во 2010 година.