1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ ќе и‘ помогне на Ирска ако таа тоа го побара

ЕУ има намера да и‘ помогне на Ирска со пакет финансиски мерки, за Даблин да го консолидира својот банкарски систем. Министрите за финансии на ЕУ денеска (17.11) во Брисел се договaраат околу деталите за помошта.

default

Доколку Ирска, која е во финансиска криза, побара помош од ЕУ - ќе ја добие. Земјата, во случај на потреба, би требало да добие кредити од ЕУ и од ММФ. Се‘ уште е отворено прашањето колку пари би и‘ се доделиле на земјата која само за да го консолидира својот банкарски систем има потреба од околу 50 милијарди евра.

Во изминатите недели притисокот врз Ирска се зголемуваше, поради тоа што инвеститорите се сомневаат дека Даблин е во состојба да ги исплати своите долгови.

Irland Defizit

Ирскиот банкарски систем има потреба од 50 милијарди евра

Вчеравечер, министрите за финансии на ЕУ и‘ изразија солидарност на Ирска. Подготовките за акција за спас веќе се одвиваат наголемо. ЕУ и ММФ ќе испратат експертска група во Даблин за со Ирска да го разработи пакетот за помош, најави еврокомесарот за финансии Оли Рен вчеравечер во Брисел:

„Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд соработуваат тесно со ирските власти за да се решат навистина сериозните проблеми на ирскиот банкарски сектор.“

Според Рен, тековните подготовки можат да бидат и интензивирани, доколку Ирска побара помош. Досега Даблин се‘ уште нема испратено барање до Брисел за помош, но се очекува тоа да се случи наскоро.

Спречи, за да не мораш да лекуваш!

Министрите за финансии сакаат да помогнат пред сето да стане прескапо, како во случајот со Грција.

„Мора да соработуваме за да ја одржиме во живот еврозоната. Без еврозоната нема да има ЕУ“, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој.

Според Ирска, земјата нема потреба од свеж капитал до средината на 2011 година. Земјите од еврозоната, меѓутоа, стравуваат дека кризата би можела да се прошири врз останатите земји чии финансии не стојат добро, како што се Португалија или Шпанија и затоа ја тераат Ирска да земе помош од пакетот за спас. Шефот на еврогрупата Жан-Клод Јункер во Брисел изјави дека Ирска мора да се одлучи околу помошта бргу, во рок од неколку дена.

Автор: ЕМФ/ЖА/дпа/афп/дв

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM