1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ ќе добие “Совет на мудреци”?

Предлогот договорен на неформален разговор на германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози во замокот Мерзеберг.

default

Саркози и Меркел

ЕУ најверојатно наскоро ќе добие ново советодавно тело - “Совет на мудреци”, кој треба да размисли околу идната величина и насоченост на Унијата. Тој предлог на францускиот претседател доби подршка од Ангела Меркел: “Ќе и’ предложиме на ЕУ да биде востановен таков совет, кој треба во рок од околу две години да изработи предлози за идната структура на ЕУ”.

Се’ уште не е договорено кому ќе му биде доделена таа задача. Меркел во секој случај смета дека тоа не треба да бидат активни европски политичари: “Тоа треба да бидат личности кои ќе внесат одредена дистанца и мудрост”.

Советот на мудреците треба да се занимава со прашањето за идните надворешни граници на ЕУ. За францускиот претседател Саркози тоа е пред се’ прашање за можниот пристап на Турција кон ЕУ, што тој го одбива. Ако и другите земји на Унијата го прифатат предлогот за новото тело, Франција нема да се противи на отворањето наредни глави во преговорите со Турција, рече Саркози неодамна во Париз. На средбата со германскиот канцелар Саркози ја прецизира својата изјава: “Никогаш не реков дека преговорите со Турција за пристап треба да бидат прекинати, оти инаку никогаш нема да дојдеме до некаков крај. Сепак, јас сум против пристап на Турција кон ЕУ и тоа му го реков и на господин Ердоан. Мој предлог е ЕУ во преговорите да се концентрира врз 30 глави, што би водело кон асоцирање на Турција со ЕУ, но да не се отвораат оние 5 глави кои се поврзани со пристап”.

Меркел и Саркози заеднички ќе се заложат и за поголема транспарентност и регулирање на европските финансиски пазари. Освен тоа, Франција и Германија имаат намера да остварат поблиска соработка и кај обуката на авганистански војници.

Ова беше една од редовните германско-француски средби на врвот, предвидени на секои шест до осум недели. Саркози беше веќе трет пат во Германија од изборот во мај годинава.

Нина Веркхојзер