1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ ја потврди европската перспектива на Западниот Балкан

На крајот од дводневниот самит на врвот во Брисел во заклучоците пишува дека пред земјите од Западниот Балкан стои перспектива за членство во ЕУ преку процесот на Стабилизација и Асоцијација, а Унијата „ и понатаму со конкретни мерки ќе помогне оваа европска перспектива да стане се пореална“. Патот до ЕУ секоја земја го оди според сопствените заслуги.

Европските лидери со конкретни мерки ќе го помагаат Западниот Балкан на патот кон ЕУ

Европските лидери со конкретни мерки ќе го помагаат Западниот Балкан на патот кон ЕУ

„ЕУ ги повикува сите страни во Македонија да направат се за спроведување на параламентарни изброи според демократски стандарди“,стои во декларацијата за Западен Балкан која денеска е усвоена на самитот на шефови и влади на ЕУ во Брисел.

Шефовите на држави и на ЕУ потвдрија дека пред земјите од Западниот Балкан стои перспектива за членство во ЕУ преку процесот на Стабилизација и Асоцијација и порачаа дека „ и понатаму со конкретни мерки ќе помогнат оваа европска перспектива стане се пореална“.

Лидерите на ЕУ ја повикаа Европската комисија и Европската инвестициона банка во соработка со Европската банка за обнова и развој и другите меѓународни финансиски институции во регионот да ја засилат соработката и „преземат неопходни мерки за креирање механизам за финансирање на Западниот Балкан“.

Европските лидери во заклучоците нагласија дека напредокот кон ЕУ зависи од тоа во која мера секоја земја од Западниот Балкан поединечно ќе ги исполни условите од Копенхаген , како и барањата од договорите за Стабилизација и Асоцијација. А тоа се целосна соработка со трибуналот во Хаг и продолжување на добрососедските односи меѓу земјите во регионот.

Во документот се истакнува и дека сите земји од Западниот Балкан изминатата година направиле значаен напредок на патот кон ЕУ согласно со Солунската агенда.

Европските лидери посебно нагласија дека очекуваат наскоро резултати од креирањето на зоната на слободна трговија, а исто така и визни олеснувања за граѓаните од Балканските земји.

Главен акцент во овој документ е ставен врз Србија за која се наведува дека “ЕУ сака целосна интеграција на мирољубива и напредна Србија“ во семејството на европските нации, нагласувајќи дека е тоа од клучна важност за стабилноста на регионот. Исто така се наведува и дека ЕУ и нејзините земји членки ќе развиваат соработка со Црна Гора како суверена држава.