1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ ја поздрави спогодбата во Украина

ЕУ ја поздрави спогодбата меѓу украинскиот претседател Јушченко и премиерот Јануковиќ за окончување на длабоката политичка криза. “Им честитаме на лидерите на Украина и на власта и опозицијата што покажаа приврзаност кон демократијата”, изјави ЕУ дипломатот Хавиер Солана. Тој изрази надеж дека спогодбата ќе и овозможи на Украина да се сврти кон нужните реформи кои би ја приближиле до ЕУ. Германија,актуелен претседавач со Унијата најави дека ќе и помогне на Украина во настојувањето да се спроведе постигнатата спогодба.