1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ ја критикува Русија за Чеченија

Претставници на Европската унија на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараа за состојбата на човековите права во Русија. Тема беше и текот на преговорите за сеопфатен договор за партнерство меѓу Унијата и Русија.

Без влакна на јазикот околу Чеченија: Бенита Фереро Валднер

Без влакна на јазикот околу Чеченија: Бенита Фереро Валднер

Од денеска една европско-руска експертска група ги започнува редовните средби за човековите права договорени на последниот самит ЕУ-Русија во минатиот ноември. Најважна точка за критика за евро-комесарката за надворешна политика Бенита Фереро Валднер и натаму е рускиот настап во Чеченија. Само пред неколку дена европскиот суд за човекови права во Старзбур ги критикуваше измачувањата и самоволието на московските власти во Чеченија. Во добро пратнерство, смета Фереро Валднер, за се може отворено да се разговара, а Русија е важен партнер за Унијата:

“Верувам дека е важно да се разговара за тоа, за да се отфрлат сите форми на расизам и да се штитат активностите за одбрана на човековите права“.

Рускиот министер Сергеј Лавров во разговорите ги уфрли, според него, постојните обесправености на големите руски малцинства во балтичките земји. Лавров побара:

“Да се забрза добивањето државјанство, дозвола за оние што го немаат да учествуваат на комуналните избори и ратификација на европската конвенција за малцинствата. Ова се три препораки што мораат да се остварат“.

Европската унија застапена од претседавачот, луксембуршкиот шеф на дипломатијата Жан Аселборн, од Хавиер Солана и Бенита Фереро Валднер ветија дека балитичките земји нема да ги запостават руските малциснтва, туку ќе ги третираат според нормите на ЕУ. ЕУ и нуди финансиска помош на Русија за обновата на Чеченија до колку Москва се придржува кон почитувањето на човековите права. Унијата очекува од Русија да ги повлече своите трупи од Грузија и Молдавија, кои во Москва и натаму се третираат како наводно природно подрачје на влијание на Русија. Лавров вети готовност за соработка, но кога станува збор за тие теми покажа малку флексибилност:

“Ако сакаме да постигнеме државите кои случајно се соседи на ЕУ и на руската федерација, да можат да живеат во стабилност и мир, тогаш со ЕУ можеме да дебатираме за многу работи што би овозможиле да ги постигнеме целите. ЕУ има свои патишта за соработка со нив. Ние имаме наши. Најважно е овие методи да не се судираат, туку да се дополнуваат“.

Русија и ЕУ во принцип се согласни околу полиитката кон Иран. Земјата треба да биде спречена да произведе атомско оружје.